Протетичка рехабилитација со изработка на хибридни протези над импланти во мандибула

Krstevski, Danilo and Mijoska, Aneta and Kovacevska, Gordana (2019) Протетичка рехабилитација со изработка на хибридни протези над импланти во мандибула. Knowledge - International Journal Scientific Papers, 34 (4). pp. 803-809. ISSN 1857-923X / 2545-4439 (print)

[thumbnail of KIJ, Vol. 34.4[001-018]-merged.pdf]
Preview
Text
KIJ, Vol. 34.4[001-018]-merged.pdf - Published Version

Download (1MB) | Preview
Official URL: http://www.ikm.mk

Abstract

Резиме: Во светските современи трендови стандардизираната конвенционалната протетика се почесто се
заменува со неконвенционални тераписки методи и протетички помагала. Главна цел која ја има поставено
модерната протетичка терапија е тенденцијата да се изврши зголемување на ретенцијата и фиксирање на
стабилноста на реставрациите во пределот на нивната база. Како едно од новите решенија кои ја третираат
ваква проблематика сė повеќе во последно време е применувањето на Brånemark системот (Nobel Biocare).
Едно од таквите протетички помагала е т.н. имедијатна хибридна протеза (multi unit system). Таа во основа
претставува еден вид на фиксно-мобилна супраструктура која е цврсто заштрафена со имбус навртки врз
неколку претходно поставени импланти. Самата методологија на работа е мултидисциплинарна и примарно
бара познавање од повеќе области со спремен тим со вешта стручна спретност и стабилна рутина.
Хибридната протеза е практичен избор на цврсто фиксирана протетичка супраструктура врз 4 импланти со
што пациентите добиваат чувство на сигурност, стабилност и неподвижност на самата реставрација. Целта
на нашето истражување беше да се проучи фреквенцијата на употребата на хибридните протези во споредба
со други останати видови на конвенционални мобилни изработки, како и да се одреди нивната застапеност
во однос на локализацијата и некои демографски особености (пол и возраст). Застапеноста на хибридните
протези во однос на другите видови мобилни протези по години варира и тоа од 3,15% во 2010 до 7,33% во
2018 година. Има поголем процент на застапеност на овие протези во долната вилица од 88,4% во споредба
со горната вилица каде застапеноста е сигнификантно помала и изнесува 11,6%. Највисок процент на
застапеност има во групата помеѓу 50-59 годишна возраст со вредност од 40%. Ако, пак се соберат
вредностите од старосна граница меѓу 40-59 години, се добиваат податоци дека повеќе од половината или
поточно 64,8% испитаници од анализираната група се во овој возрасен интервал. Тоа нѝ покажува дека
процентуалната застапеност на хибридните протези по однос на возраста постепено расте со зрелиот период,
а потоа постепено опаѓа со староста која се карактеризира со користење на класични тотални протези.
Анализата на застапеноста на хибридните протези во однос на полот, не покажува сигнификантни
варијации. Би можело да се заклучи дека имедијатната имплантантна функција постанува прифатен
модалитет на третман за фиксни реставрации во потполно беззаба мандибула, додека искуството од
имедијатната функција во беззаба максила е ограничено.
Клучни зборови: Парцијална, тотална беззабост, импланти, супраструктури, хибридна протеза

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Cena Dimova
Date Deposited: 13 Aug 2020 07:45
Last Modified: 13 Aug 2020 07:45
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/24245

Actions (login required)

View Item View Item