Инциденцата на Ротавирус и Аденовирус акутен гастроентеритис кај деца до 5 години во тек на 2018 година

Nikolova, Irena and Dimitrovska Ivanova, Marija and Doneva, Luiza (2019) Инциденцата на Ротавирус и Аденовирус акутен гастроентеритис кај деца до 5 години во тек на 2018 година. In: 7-ми Педијатриски конгрес со меѓународно учество, 25-28 June 2019, Strumica, Macedonia.

[thumbnail of ПЕДИЈАТРИСКИ КОНГРЕС АПСТРАКТИ НАСЛОВНА.pdf]
Preview
Text
ПЕДИЈАТРИСКИ КОНГРЕС АПСТРАКТИ НАСЛОВНА.pdf

Download (361kB) | Preview
[thumbnail of ПЕДИЈАТРИСКИ КОНГРЕС ТРУД 1.pdf]
Preview
Text
ПЕДИЈАТРИСКИ КОНГРЕС ТРУД 1.pdf

Download (436kB) | Preview
[thumbnail of Програма 7-ми Педијатриски Конгрес]
Preview
Image (Програма 7-ми Педијатриски Конгрес)
7Kon_Slider_ProgramaMKD.jpg

Download (784kB) | Preview
[thumbnail of Научен одбор 7-ми Педијатриски Конгрес]
Preview
Image (Научен одбор 7-ми Педијатриски Конгрес)
7Kon_Odbori-1.jpg

Download (461kB) | Preview

Abstract

Вовед: Најчести предизвикувачи на АГЕ се вирусите. Од нив Рота вирусот е најчест со фреквенција од 10-35 % - тој е најчестиот ентеропатоген предизвикувач во Европа. Аденовирус како предизвикувач на АГЕ се јавува со фреквенција од 2-10%.
Цел: Целта на трудот е да ја прикаже застапеноста на Ротавирус и Аденовирус АГЕ кај деца до 5 годишна возраст, демографските разлики и сезонската преваленца на овие инфекции.
Материјал и методи: Во трудот вклучени се сите деца до 5 годишна возраст хоспитализирани на Детско одделение КБ Штип со дијагноза АГЕ во период од 01.01.2018-31.12.2018 година. Кај сите беше земен примерок од столицата за докажување на ротавирус и аденовирус со имунохроматографски тест. Останатите податоци се земени од медицинската документација на Детско одделение КБ- Штип. Пациентите кај кои не се испитуваше столица за Ротавирус и Аденовирус заедно, или кои ја испитувале столицата во други установи, како и пациентите со хронична дијареа не беа вклучени.
Резултати: Во 2018 година на Детско одделение КБ Штип биле хоспитализирани 152 деца до 5 годишна возраст со АГЕ. Позитивни за вирусен антиген во столицата беа 64(42%) пациенти. Ротавирус позитивни беа 59(92,2%) пациенти. Од нив 40(67,8%) бea машки а 19(32,2%) беа женски. Во пролет се регистрирани 6 (10,2%) случаи, во лето 4 (6,8%) на есен 16 (27,1%) а во зима 33 (55,9%) случаи. Рота вирус АГЕ е најчесто застапен на возраст од 0-2 години 49 пациенти (83,05%). Од нив 23 пациенти се на возраст од 0-12 месеци (38,98). Од 13-24 месеци 26 (44,06%) беа Рота позитивни Од 25-36 месеци беа 6 (10,16%), од 37-48 месеци беа 3 (5,08%) и од 49-60 месеци беше 1 (1,69%) пациент. Кај 5 пациенти (7,8%) беше дијагностициран Аденовирус. Од нив машки беа 2(40%) пациенти а женски беа 3 (60%) пациенти. Во Август се дијагностицирани 3 (60%) и во Септември 2(40%) случаи. Кај деца од 0-12 месеци се регистрирани 2 случаи а по еден на возраст од 37-48 месеци и од 49-60 месеци.
Заклучок - Ротавирус инфекциите се почести во зима, Аденовирус инфекциите се почести во лето. И двата вируси во најголем број се јавуваат кај деца на возраст од 0-2 години

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Marija Dimitrovska
Date Deposited: 13 Aug 2020 07:44
Last Modified: 13 Aug 2020 07:44
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/24243

Actions (login required)

View Item View Item