Лечебна е моќта на Блажевата блажена поезија (личен обид да се прочита поезијата на Блаже Конески)

Vitanova-Ringaceva, Ana (2018) Лечебна е моќта на Блажевата блажена поезија (личен обид да се прочита поезијата на Блаже Конески). Зборник на трудови „Како го читам Конески“ Фондација Небрегово. ISSN 978-9989-2036-5-7

[thumbnail of Како го читам Конески.pdf]
Preview
Text
Како го читам Конески.pdf

Download (569kB) | Preview

Abstract

Обидот да се прочита поезијата на Блаже Конески, значи
подготвеност, читателот да го премости референцијалното
поимање на светот и да се пресели во сферите во кои поетот
господари со зборот. Мигот кога се чита поезијата на Блаже
Конески е миг на непосредно соочување на човекот со надискуственото спознание за себе и за светот. Малку се таквите мигови во животот, бидејќи, заслепени од убедувањето за сопствената големина, бегаме секогаш кога нашата потсвест крева прст наопомена. Тогаш, засрамени од самите себе, свртуваме поглед назад, случајно да не нè видат како, поразени од сопствените слабости, потонуваме со погледот вземи. Но има и еден друг миг кој блеснува додека општиме со стиховите на Конески, тоа е мигот кога не можеме да го совладаме чувството на восхит, од грамадноста на стихотворството на големиот поет.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ana Ringaceva
Date Deposited: 09 Jul 2020 06:56
Last Modified: 09 Jul 2020 06:56
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/24168

Actions (login required)

View Item View Item