Рехабилитација кај Душен мускулна дистрофија - студија на случај

Starceva, Doris and Krstev, Toshe (2020) Рехабилитација кај Душен мускулна дистрофија - студија на случај. Knowledge - International Journal, Scientific Papers, 40 (5). pp. 997-1002. ISSN 2545-4439

[thumbnail of Публикација Дорис Старчева.pdf]
Preview
Text
Публикација Дорис Старчева.pdf

Download (510kB) | Preview

Abstract

Резиме: Душен (Duchenne) мускулната дистрофија, претставува прогресивно невромускулно заболување кое ги зафаќа главно момчињата. Симптомите започнуваат некаде кај четвртата година и брзо се влошува. Типично, мускулната функционалност се губи прво во горниот дел од долните екстремитети и карлицата, по што следуваат и горните екстремитети. До својата 12-та година, момчињата веќе ја губат способноста за одење, и завршуваат во инвалидски колички со потешкотии во извршување на секојдневните активности (облекување, трчање, качување по скали, слегување). Исто така, детето има придружни срцеви, респираторни, гастроинтестинални, психосоцијални проблеми, како и голем ризик од скршеници. Оваа болест е обично генетска, и е поврзана со мутација на генот за дистрофин, кој е важен за одржување на клеточната мембрана на мускулното влакно. Перманентен лек за оваа болест засега не постои. Но со помош на ортози, физикална терапија, корективна хируршка операција, и најважно, кинезитерапевски процедури, кои се примарниот дел од рехабилитацијата кај пациент со Душен. Во овој специјалистички труд ќе се елаборира за рехабилитацијата, постигнување на самозгрижување во основните функции, постигнување на максимална функционалност кај секој пациент, со цел да се помогне во намалување на болката, намалување на симптомите, спречување на прогресивноста на болеста, и постигнување максимален обем на движење.Исто така ќе се елаборира за студија на случај, конкретно за Р.З. Детално ќе се дискутира за неговата рехабилитација, од неговото откривање на дијагнозата до неговата четврта година. Клучни зборови: рехабилитација, душен, мускулна дистрофија, случај

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Tose Krstev
Date Deposited: 03 Jul 2020 06:23
Last Modified: 03 Jul 2020 06:23
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/24161

Actions (login required)

View Item View Item