Оксиморонот во „Нежното срце на варварот“ од Венко Андоновски (реобјава)

Mladenoski, Ranko (2020) Оксиморонот во „Нежното срце на варварот“ од Венко Андоновски (реобјава). Международный сборник научных трудов „Материалы по русско-славянскому языкознанию“, 35. pp. 271-281. ISSN ISBN: 978-5-4292-0199-3

[thumbnail of Mladenoski trud Zbornik Voronez 2020.pdf]
Preview
Text
Mladenoski trud Zbornik Voronez 2020.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Трудот претставува реобјава по избор на истакнатите членови од Меѓународниот уредувачки одбор на еминентната публикација „Материјали за руско-словенската лингвистика“ („Материалы по русско-славянскому языкознанию“, Т. 35, 2020) на Филолошкиот факултет при Воронешкиот државен универзитет во Русија. Целта на истражувањето во овој труд е да се провери работната хипотеза дека стиховите во поетската збирка „Нежното срце на варварот“ од Венко Андоновски се доминантно оксиморонски со оглед на оксиморонскиот карактер на насловот на стихозбирката. Во таа смисла, ќе се истражува и присуството на уште неколку стилски фигури кои според својата структура гравитираат кон оксиморонот како семантичка метабола: парадокс, тавтологија, плеоназам и иронија. При интерпретацијата ќе се оперира со општите научно-истражувачки методи како што се анализа, синтеза, индукција, дедукција и компаративниот метод со чија помош ќе се дојде до заклучокот во кој се афирмира поставената работна хипотеза за доминацијата на оксиморонот во поетската збирка „Нежното срце на варварот“ од Андоновски.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 17 Jun 2020 10:20
Last Modified: 17 Jun 2020 10:20
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/24124

Actions (login required)

View Item View Item