Male, Kristi (2020) Рехабилитација на спортски повреди со методи на Традиционална кинеска медицина. Other thesis, Goce Delcev University Stip.
Preview |
Text
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРУД - КРИСТИ МАЛЕ.pdf Download (675kB) | Preview |
Abstract
Резиме: Тендинитот на Ахиловата тетива е едно от најчестите хронични заболувања кое што ги засега спортистите. И покрај тоа што е најздравата тетива во човечкото тело, системските големи оптоварувања во спортот и неадекватното лекување на трауми, може да бидат причина за хронична болка и воспаление. Воспалението на ахиловата тетива може да се појави на две места: во средината на тетивата и на местото каде што се прикрепува кон коската на петата.
Целта на истражувањето е: да се определи ефектот од акупунктурата при лекување на тендинит на ахиловата тетива кај спортисти.
Методи на истражувачка дејност: Истражувањето е спроведено во Рекреативниот Центар при УГД - Штип, во период од 2 месеци. Во истражувањето учествуваат 9 спортисти со воспаление или повреда на ахиловата тетива, кои што се поделени во две групи.
Кај Пациентите од контролната група се применува конзервативно лекување со физикална терапија и кинезитерапија.
Кај Пациентите од Експерименталната група освен конзервативен третман се применува и акупунктурен третман во соодветната зона на ахиловата тетива.
Резултати: акупунктурата има позитивно влијание на ахиловата тетива како при акутни, така и при хронични состојби. Акупунктурата значително ја намалува болката и отокот во зоната на ахиловата тетива, со што се зголемува нејзината функционалност.
Дискусија: истражувањата покажуваат неколку важни откритија. Акупунктурата го забрзува оздравувањето и враќањето на нормалната функција на ахиловата тетива. Освен тоа, акупунктурата ја зацврстува тетивата и може да спречи појава на рецидив.
Заклучок: акупунктурата е високоефективна, со брзи резултати како за акутна, така и за хронична ахилова тендинопатија и се спроведува многу лесно. Акупунктурата е широко користена во клиниките по целиот свет и масовно се применува од страна на професионалните спортисти.
Клучни зборови: ахилова тетива, тендинопатија, повреда, акупунктура,
Item Type: | Thesis (Other) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 21 May 2020 09:34 |
Last Modified: | 21 May 2020 09:34 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/24046 |
Actions (login required)
View Item |