Национална стратегија за унапредување на менталното здравје во Република Македонија септември 2018 - 2025 година со акциски план

Bajraktarov, Stojan and Stefanovski, Branislav and Miloseva, Lence and Panova, Nikica and Bacanovik, Angelina and Dimitrovski, Saso and Raleva, Marija and Filipce, Ana and Peceva, Sandra and Lazova, Slobodanka and Jeremik, Miodrag and Hadgihamza, Kadri and Karkalaseva, Danica and Taleska, Valentina and Taneska, Biljana and Ivanoska, Spasena (2018) Национална стратегија за унапредување на менталното здравје во Република Македонија септември 2018 - 2025 година со акциски план. Министерство за здравство, Скопје, Република Северна Македонија.

[thumbnail of Prifatena Nacionalna strategija za MZ 2018-2025  170718 pf (1).pdf]
Preview
Text
Prifatena Nacionalna strategija za MZ 2018-2025 170718 pf (1).pdf

Download (1MB) | Preview
[thumbnail of Nacionalna komisija za mentalno zdravje.pdf]
Preview
Text
Nacionalna komisija za mentalno zdravje.pdf

Download (414kB) | Preview
Official URL: http://zdravstvo.gov.mk

Abstract

Република Македонија континуирано преку разни активности го развива системот за грижата за менталното здравје на населението. Стратегиските документи го следеа развојот на политиките во менталното здравје во Европа во почетокот на 21-иот век. Клучните реформи беа започнати со подршка на Светската здравствена организација во периодот 2000-2007 година. Националната стратегија за ментално здравје беше усвоена во 2005 година за седумгодишен период. Законот за ментално здравје е донесен во 2005 година, со главен акцент на човековите права на лицата со ментални болести, но неговата примена остана ограничена. Понатамошните насоки за развој на менталното здравје во Република Македонија беа посочени од СЗО, ЕУ и и Советот на Европа преку своите извештаи од проценката на состојбата во периодот 1998 – 2018 година. Заклучоците од овие извештаи упатуваа на бавен развој и трансформација на практиките во менталното здравје после завршување на поддршката на СЗО, а особено на процесите на децентрализација и деинституционализација. Националната стратегија за ментално здравје (2005-2012)1 опфати 11 приоритетни области на активности, но без пропратен акционен план, така да практичната имплементација на активностите не беше соодветно реализирана.
Иако се спроведоа реформи во тек на 2000-2007 година, сепак во последната деценија развојот на соодветни сервиси не соодветствуваше со посочените насоки зацртани во Националната стратегија. Утврдените состојби на планот на психијатриските служби во Република Македонија посочуваа неопходно редефинирање на улогата на психијатријата и психијатриските институции во смисла на нивната терапискорехабилитациона функција, социјална функција, системска организација, финансирање и соработка со други служби. Тоа подразбира напуштање на концептот на психијатриската болница како архаична институција на социјална ексклузија, стигматизација и повредување на човековите права и премин кон една осмислена и планирана менталноздравствена политика и стратегија која го акцентира планот за развој на систем на ментално здравје во заедницата.
Стратегијата претставува посветеност на Владата на Република Македонија и локалната власт за подобрување на животот на лицата со ментални нарушувања. Посебен акцент во оваа стратегија е даден на превенцијата од појавата на болести и промоцијата на менталното здравје, со соодветен план за организација на институциите за ментално здравје во секое ниво на здравствена заштита, со развој на систем за ментално здравје ориентиран кон заедницата. Во центарот на вниманието на оваа стратегијата е секој поединец и неговите потреби за подобрување на менталното здравје. Со реализацијата на оваа Стратегија се очекува, на среден и долг рок, односно до 2025 година, да го постигне очекуваниот ефект: намалување на болнички капацитети и воспоставување на систем на ментално здравје во заедницата.

Item Type: Other
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Lence Miloseva
Date Deposited: 31 Mar 2020 07:21
Last Modified: 31 Mar 2020 07:21
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23953

Actions (login required)

View Item View Item