Vitanova-Ringaceva, Ana (2016) Како да се остане човек меѓу луѓето - прашање е сега?(Осврт кон книгата афоризми „Изгоревме под сенка“ на Атанас Крлевски). Велес бр.17. ISSN 1409-6412
Preview |
Text
Човек меѓу луѓето.pdf Download (598kB) | Preview |
Abstract
Барајќи ја светлината во мрачниот хаос на денешницата, човекот судрувајќи се со истиот како него, си создава лузни кои тешко зараснуваат, бидејќи болат до коска. Во тој хаос, единствено живурка гласот на книжевноста, се слуша некаде од некој агол, како скитник кој тивко и срамежливо бара милостина. Афоризмот, краткиот книжевен блесок со ѕвездена прашина која се рони од скапоценото тело на зборот, зад себе осветлува долга патека. Таа патека своето раѓање го има во сегашноста, мигот е нејзиниот зачеток. Афористичарот во денешницата, стана гласноговорник на потсвеста на обичниот човек. Сето она што човекот го мисли, чувствува, претчувствува и знае, а не смее гласно да го изговори, афористичарот го кажува преку мислата срочена во афоризам.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ana Ringaceva |
Date Deposited: | 18 Mar 2020 09:00 |
Last Modified: | 18 Mar 2020 09:00 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23926 |
Actions (login required)
View Item |