Последните воздишки на поетот (Осврт кон стихозбирката „Скршнување“ од Иван Василевски)

Vitanova-Ringaceva, Ana (2018) Последните воздишки на поетот (Осврт кон стихозбирката „Скршнување“ од Иван Василевски). „Скршнување“ Иван Василевски.

[thumbnail of Ivan Vasilevski  - Skrshnuvanje II  Revizija-pages-1-2,4-8,40-41.pdf]
Preview
Text
Ivan Vasilevski - Skrshnuvanje II Revizija-pages-1-2,4-8,40-41.pdf

Download (743kB) | Preview

Abstract

Делата што поетите ги оставаат остануваат во времето како палимпсести, под телото на зборот засекогаш стојат живи и неизбришливи трагите од поетовата душа. И токму таму, меѓу навидум избришаните траги и свежите лузни од зборовите, започнува вистинскиот живот на поезијата. Таму се раѓа живот кој поетот му го вдахнува на зборот, а неговата судбина се граничи со бесмртноста. Животот на големите поети не згаснува со нивното физичко заминување од земниот свет. Последниот поглед, пред засекогаш очите да потонат во блажено заспивање, е првиот чекор на поетот по патеките на поетската вечност. Таква поетска вечност за себе создаде Иван Василевски, ја издигна во зборот, изгради храм со силна верба во својата мудрост, дека вечни се само градбите што ќе се извишат во зборот.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ana Ringaceva
Date Deposited: 18 Mar 2020 08:58
Last Modified: 18 Mar 2020 08:58
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23924

Actions (login required)

View Item View Item