Анимации во туризмот: хотелска анимација – примери и практики

Micevski, Mladen (2019) Анимации во туризмот: хотелска анимација – примери и практики. Туристика, Скопје. ISBN 978-608-4872-02-3

[thumbnail of Animacii vo turizmot - hotelska animacija primeri i praktiki.pdf]
Preview
Text
Animacii vo turizmot - hotelska animacija primeri i praktiki.pdf

Download (266kB) | Preview

Abstract

Туризмот и хотелиерството и услугите кои се понудени од нивна страна, можат да се пронајдат многу одамна доколку се навратиме во историското минато, иако не во форма во која денес ги познаваме. Имено, потребата од патување и преноќевање во текот на патувањата постоела отсекогаш. Дополнително на ова се присоединува и потребата од исхрана. Овие две многу значајни компоненти на хотелиерството се во неговата основа и се примарна цел. Техничко-технолошкиот развој придонел за бројни позитивни ефекти кои со текот на времето се аплицирале во угостителската индустрија и истите биле насочени кон зголемување на нивото на услугите, а последователно на тоа и на бенефитите.
Хотелската индустрија одамна се соочува со низа предизвици. Голем број туристи кои знаат што сакаат и имаат диференцирани и истенчени вкусови и потреби, ги поминуваат своите одмори, службени и приватни патувања, преноќувајќи во хотелските соби и притоа остваруваат туристички промет. Тие покрај основните услуги бараат и очекуваат поголемо внимание и поголем број услуги кои се јавуваат како дополнителни. Ова укажува на тоа дека хотелиерите и туристичките работници се ставени во позиција да иновираат и да понудуваат многу поголем спектар на услугите и на случувањата во своите хотели. Од овие причини се појавиле, а денес сè повеќе се развиваат, низа дополнителни услуги кои им го исполнуваат слободното време на клиентите, а од друга страна на хотелиерите и на туристичките работници им обезбедуваат генерирање дополнителни финансиски бенефити.
Огромниот број дополнителни услуги кои може да се понудат во една хотелска единица денес се доведени до ниво на висока професионалност, така што истите се развиваат, се унапредуваат и се изделуваат како посебни сектори т.е. оддели во хотелската организација.
Токму таков е примерот со употребата на туристичката анимација во хотелската индустрија. Секако, на ова се надополнува и туристичката индустрија. Потребно е исполнување на времето на клиентите кои престојуваат во хотелските капацитети со активности преку кои ќе бидат активни, ќе немаат потреба да ја напуштаат хотелската единица за да се забавуваат, ќе остварат контакти со други клиенти, едноставно ќе влезат во процес на социјализирање во текот на своите одмори или патувања од различни причини. Сето ова придонесува за создавање програми кои ќе бидат насочени кон спроведување активности и настани кои ќе ги постигнат овие цели. Одвоени како посебни оддели во хотелските капацитети, денес во хотелите низ светот функционира одделот за анимација на клиентите. Оваа професија која ја избираат многу млади луѓе придонесува за оформување на една позитивна слика за самиот хотел и за многу од клиентите да посетуваат одредена единица, благодарејќи на забавата што се спроведува во хотелот.
Во продолжение туристичката и хотелската анимација ќе бидат елаборирани како централна тема на овој труд, а преку неа ќе бидат споменати начините на кои може да се истражува оваа појава. Поконкретно, задачата на овој труд е преку примерот на анимациите коишто се спроведуваат во хотелите низ Шпанија да се долови една генерална слика за оваа професија, пред сè, значењето на истата за хотелската индустрија и за нејзиниот напредок. Поради непостоење доволно податоци поврзани со хотелската анимација во Република Северна Македонија, за целите на овој труд се спроведе истражување кое дава информации за постоењето и начинот на организирање на хотелската анимација во Северна Македонија. Всушност, целта на овој труд е да се направи компаративна анализа меѓу хотелските анимации во Шпанија и во Северна Македонија и да се дадат насоки за унапредување на онаа која има недостатоци, во овој случај онаа во Северна Македонија. Низ целиот труд се провлекуваат најразлични методи коишто се карактеристични за истражувањето на туристичката и хотелската анимација и ќе бидат подетално објаснети.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dejan Metodijeski
Date Deposited: 24 Feb 2020 11:27
Last Modified: 24 Feb 2020 11:27
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23857

Actions (login required)

View Item View Item