Tasevska, Marica and Hadzi-Nikolova, Adrijana (2020) Усвојување на вештината зборување во наставата по германски јазик. Зборник на трудови / ФИЛКО Четврта меѓународна научна конференција, 23-25 маj 2019. pp. 360-371. ISSN ISBN: 978-608-244-698-1
Text
3185 Download (3kB) |
Abstract
Вештината зборување претставува една од четирите јазични вештини покрај слушањето, читањето и пишувањето, а нивната подеднаква застапеност во наставата по германски јазик ја дефинира основната цел на модерната настава која се стреми кон стекнување на јазични компетенции и оспособување на учениците за комуникација во автентични комуникативни ситуации. Што се однесува на усвојувањето на германскиот јазик во основните и средните училишта искуството покажува дека сѐ поголем број на ученици, и покрај долгогодишното изучување на германскиот јазик, се соочуваат со проблеми при усна комуникација. Оттука се поставува прашањето дали всушност вештината зборување се третира според нормативите за стекнување јазични компетенции предвидени во европската референтна рамка за јазици. Како ќе се дефинира оваа вештина зависи од тоа дали таа претставува наставна или посредна цел. Кога зборуваме за вештината зборување како посредна цел мислиме на зборување како посредно средство за контролирање на знаењата на учениците за одредена граматичка структура или лексика, додека пак вештината зборување како наставна цел укажува на зборувањето во функција на оспособување за комуникација. Токму ова претставува предмет на истражување на овој труд, а тоа е да се утврди фактичката состојба на вештината зборување и нејзиното третирање во наставата по германски јазик со посебен акцент на употребата на германскиот јазик во текот на часот, како и имплементирање на разновидни вежби кои допринесуваат за полесно и забавно усвојување на оваа вештина, спроведувајќи анкетни листови како за учениците од средното гимназиско училиште во Штип, така и за наставниците кои предаваат германски јазик во истото училиште со цел да се детектираат проблемите кои го попречуваат процесот на стекнување комуникативни компетенции и да се предложат нови техники и методи како и интерактивни вежби кои би се имплементирале во секојдневната настава по германски јазик.
Клучни зборови: зборување, комуникација, настава, јазик, странски, компетенции
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Marica Tasevska |
Date Deposited: | 24 Feb 2020 11:01 |
Last Modified: | 24 Feb 2020 11:01 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23854 |
Actions (login required)
View Item |