Kitanov, Vladimir and Metodijeski, Dejan and Micev, Georgi (2020) Вински туризам - практикум. ISBN 978-608-244-707-0.
Preview |
Text
VINSKI TURIZAM PRAKTIKUM_compressed.pdf Download (513kB) | Preview |
Abstract
Овој практикум е дополнување на материјалот кој се содржи во скриптата наменета за предметот Вински туризам и има за цел да понуди дополнителни вежби и задачи кои би се користеле од страна на студентите за успешно совладување на изучуваната материја. Во изработката на овој практикум, користена е соодветна литература од познати автори и институции од областа на винарството, лозарството, туризмот и угостителството, како и Интернетот како извор на податоци. Практикумот содржи 12 вежби, согласно предметната програма за изучување на предметот Вински туризам.
Првата вежба ја опфаќа материјата поврзана со работното упатство за изработка на проектни задачи и предлог темите за изработка на проектна задача за предметот Вински туризам.
Во втората вежба, дадена е програмата за винската манифестација Тиквешки гроздобер за 2019 година. Студентите треба да направат анализа на оваа програма и да дадат предлози за нејзино збогатување од аспект на винскиот туризам и зголемената посета од страна на туристите.
Третата вежба е посветена на саемите за вино. Во вежбата, студентите изработуваат анализа на најпознатите светски саеми за вино и ги потенцираат новитетите во винската индустрија и аспектите поврзани со винскиот туризам.
Во четвртата вежба се прави анализа на меѓународните сомелиерски организации и асоцијации, земјаќи го предвид значењето на сомелиерите во развојот на винскиот туризам. Во вежбата се прави преглед на активностите на овие асоцијации.
Во петтата вежба се прави споредбена анлиза на националната промоција на винскиот туризам во Словенија и Македонија.
Шестата вежба е поврзана со законската регулатива поврзана со винарството во нашата земја.
Во седмата вежба се прави преглед на едукативните програми поврзани со винскиот туризам во земјата.
Осмата вежба е посветена на креирањето на винска листа според понудата на винариите од Централниот вински регион во земјата.
Деветтата вежба е поврзана со винските патишта, нивната анализа и препораките за идниот развој на винските рути во винските региони во земјава.
Десеттата вежба е посветена на лоцирање и потенцирање на природните и антропогените туристички вредности на винските региони во земјата и нивното ставање во функција на винскиот туризам.
Во единаесеттата вежба се обработуваат можностите за отворање на вински продавници на различни локации, кои би биле во согласност со потребите на винските туристи.
Дванаесеттата вежба е посветена на изработка на анимациски програми за посетителите на музеите во Демир Капија, Кавадарци и Неготино, како сегмент од збогатување на престојот и воведување на интересни програми за развој на винскиот туризам.
Практикумот е наменет за потребите на студентите на Факултетот за туризам и бизнис логистика за подготвување на испитот по предметот Вински туризам. Содржината на практикумот ја опфаќа потребната материја за успешна реализација на вежбите по предметот Вински туризам, според Наставната програма на насоките: Гастрономија и исхрана во втора година (4 семестар, 4 кредити, 2+1+1 фонд на часови) и Туризам во втора година (4 семестар, 4 кредити, 2+1+1 фонд на часови). Практикумот можат да го користат сите студенти на останатите факултети каде што се изучува предметот Вински туризам, ученици во средните туристички училишта, но и останатите стручни кадри кои ја проучуваат оваа проблематика и се занимаваат со винскиот туризам. Практикумот е изготвен со цел да се унапреди наставата по предметот Вински туризам, како дополнително средство на скриптата по овој предмет, а во насока на подобрување на квалитетот на знаењето на студентите.
Искажуваме благодарност до сите наши колеги и соработници кои дадоа придонес во обезбедувањето на материјалите кои беа неопходни за комплетирање на содржината на овој практикум. Имајќи предвид дека е ова прво издание, ненамерно, можеби, сме пропуштиле некои карактеристики на винскиот туризам. Мислењата и забелешките можат да се упатуваат по електронски пат. За сите забелешки, авторите ќе ви бидат благодарни и ќе ги земат предвид при создавањето на следното дополнето издание на практикумот.
Воедно, искажуваме јавна благодарност до рецензентите вон. проф. д-р Тања Ангелкова Петкова и доц. д-р Оливер Филипоски, за корисните сугестии при изработката на практикумот.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Dejan Metodijeski |
Date Deposited: | 17 Feb 2020 09:18 |
Last Modified: | 17 Feb 2020 09:18 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23826 |
Actions (login required)
View Item |