Kolevska, Natasa (2020) Епидемиолошки карактеристики на заболени од мали сипаници во Република Северна Македонија. Other thesis, Goce Delcev University Stip.
Preview |
Text
natasa trud lektoriran.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Малите сипаници се вирусно заболување, а нивна главна карактеристика е многу високата контагиозност, со појава на карактеристичен осип, минлива супресија на имунолошкиот систем и чести компликации поврзани со респираторниот и нервниот систем. Со пронаоѓањето на вакцината против морбили и нејзината употреба, инциденцата од ова заболување во светот значително е намалена, а во Соединетите Американски Држави во 2000 година е прогласена елиминација на мали сипаници. Иако инциденцата на морбили во Европа во последните 6 години е намалена за 90 %, сепак тие повремено се појавуваат. Малите сипаници претставуваат глобален јавно здравствен проблем. Во неразвиените делови на светот, тие сé уште се водечки причинител за смртност на малите деца. Во развиените делови на светот, малите сипаници се јавуваат кај невакцинирани млади лица и лица во средни години. Во Македонија 1972 година е воведена вакцината против мали сипаници. Во последните 20 години, годишно се детектираат по десетина случаи на морбили, но има и повремени мали епидемии: во 2010 (n=217), 2011(n=701) и 2014 (n=116) година. Поголема епидемија се јавува во декември 2018 и до 31.07.2019 пријавени се вкупно 2.177 случаи на мали сипаници или 1.879 случаи кои ја исполнуваат дефиницијата на случај, со стапка на заболување од 90,8 на 100.000 жители. Детекцијата на клиничките случаи, епидемиолошкиот надзор и лабораториската потврда на мали сипаници, се клучни постапки за откривање на изворот на инфекцијата и пратење на патот на пренесувањето. Ерадикација на ова заболување може да се постигне исклучиво, со конзистентно примање на две дози на вакцина.
Клучни зборови: вакцина; епидемии; мали сипаници
Item Type: | Thesis (Other) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 14 Feb 2020 11:06 |
Last Modified: | 14 Feb 2020 11:06 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23812 |
Actions (login required)
View Item |