Belovski, Vojo and Todorova, Biljana (2019) Прирачник - Работни односи Паузи, одмори, отсуства, мирување на работниот однос и прекувремена работа со коментар на прописите и упатства за современите и успешни кадровски служби. Manual. Инспект Офис - редакција за стручна литература, Делчево.
Preview |
Text
V B Monografia.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Овој труд, всушност, е коментар и упатства за корисниците, кој претставува обид авторите (кои располагаат со долгогодишно теоретско и практично искуство од областа на работните односи) да дадат свој придонес за поквалитетна практична примена на дел од прописите – законските решенија од областа на работните односи.
Во современата трудово-правна теорија за одморите се зборува како за едно од основните права од работниот однос. Во неа се истакнува дека одморите претставуваат прекин на физичките и интелектуалните, односно работните активности и функции на вработените лица во текот на работното време. Основниот мотив при утврдувањето на правото на одмори во текот на работата е овозможување на обновувањето на работните способности на работникот, односно на неговите физички и интелектуални способности. Правото на платени одмори - дневен, неделен и годишен, е право кое е гарантирано со Уставот на Република Македонија.
Во овој труд авторите ги обработуваат следните прашања:
1. Пауза
Паузата се одредува по два часа работа и најдоцна три часа пред крајот на работното време. Времето поминато за одмор (пауза) во текот на работниот ден се засметува во работното време и за истото се исплатува плата.
2. Дневен одмор
3. Неделен одмор
4. Платен годишен одмор
Празниците, саботите и неделите и слободните денови, отсуствата поради боледување, како и другите случаи на оправдано отсуство од работа не се пресметуваат во деновите на годишен одмор.
Работникот има право два дена од годишниот одмор да ги искористи во денови коишто самиот ќе ги определи, ако тоа посериозно не го загрозува работниот процес, за што мора да го извести работодавачот најдоцна три дена пред користењето.
По престанувањето на работниот однос по која било основа, работникот има право на обесштетување за неискористениот годишен одмор.
Заради лични и семејни околности (за склучување брак, раѓање дете (само за таткото) и/или смрт на близок роднина), работникот има право на платен одмор до седум работни дена во согласност со колективен договор.
5. Отсуство од работа поради бременост, раѓање и родителсто
6. Отсуства
Прекувремената работа е институт кој се однесува на прашања поврзани со работните односи, кои, пак, согласно со Уставот на РМ, член 32, став 5, се уредуваат со закон и со колективни договори.
Институтот прекувремена работа, како вид на работно време, е во функција на потребите на работодавачите за задоволување на потребите на побарувачката на пазарот, тесните грла во производството и недостатоците од работна сила. Станува збор за работа која не претставува дел од вообичаениот распоред на неделното работно време.
Освен право на одмор, работникот има право и на отсуства од работата. За разлика од правото на одмор, кое работникот го користи за обновување на сопствените психофизички способности, правото на отсуство го користи за свои лични или други потреби.
Отсуството е време кога работникот не е на работа, а се претпоставува дека треба да биде на работа и да ги извршува своите работни задачи и обврски.
Отсуствата можат да бидат платени и неплатени.
7. Мирување на работниот однос
8. Образование на работниците
9. Право на платено отсуство од работа заради образование
10. Прекувремена работа
Работникот кој се образува, дошколува или оспособува за потребите на работниот процес, како и работникот кој се образува, дошколува или оспособува од сопствен интерес, има право на платено отсуство од работа заради полагање на испити.
Item Type: | Monograph (Manual) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Vojo Belovski |
Date Deposited: | 03 Feb 2020 12:10 |
Last Modified: | 03 Feb 2020 12:11 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23681 |
Actions (login required)
View Item |