Управување со човечките ресурси во јавната администрација

Denkova, Jadranka (2015) Управување со човечките ресурси во јавната администрација. Универзитет Гоце Делчев Штип, Штип, pp. 1-197. ISBN 978-608-244-227-3

[thumbnail of SKRIPTA- repozitorium-1-12.pdf]
Preview
Text
SKRIPTA- repozitorium-1-12.pdf

Download (244kB) | Preview

Abstract

Целта на овој учебник е да даде приказ на сите фактори што се поврзани со еден значаен сегмент за успешноста на организацијата, а тоа се човечките ресурси. Акцентот е ставен на менаџирањето со човечките ресурси во администрацијата, зашто сметам дека пристапот при менаџирањето со човечките ресурси во организацијата во ништо не се разликува, дали се тоа приватни, производни или јавни непроизводни организации. Крајната цел на секоја организација е да постигне што поголема ефективност и ефикасност. Администрацијата е таа што е продолжена рака во остварувањето на целите на државната власт и несомнено е дека ефективноста на јавните работници ќе се одрази долгорочно врз успешноста на државата. Тоа значи: брзи административни услуги, намалени судски предмети, намален криминал, зголемена благосостојба и задоволство на граѓаните што живеат во таа држава. Така, менаџирањето со човечките ресурси во администрацијата претставува одраз на тоа на каков начин се управува државата. Добро управувана администрација, според правилата што ги поставила науката за менаџмент со човечки ресурси ќе се одрази на ефикасно остварување на стратешките цели на државата. Менаџирањето, претставува комплексен процес кој се стреми преку осмислен начин на дејствување да продуцира ефективна и ефикасна организација. Притоа, менаџирањето во организацијата е сложена активност која треба да ја спроведуваат луѓе кои имаат знаења вештини и способности од областа на менаџментот со човечки ресурси. Тоа значи дека успешна организација претставува одраз на успешни менаџери, кои знаат како да го извлечат максималното знаење и вештини од човечките ресурси, вработени во таа организација. Ако го погледнеме управувањето со човечките ресурси во минатото, ќе видиме дека начинот на менаџирањето со јавната администрација бил поврзан со системот на владеење карактеристичен за тој период. Така, во зависност од промената на системот на власта се менувале и правилата на менаџирање со човечките ресурси што ја опслужувале власта. Притоа, пристапите на менаџирање со човечките ресурси во администрацијата се менувале, и биле одраз на развојот на општеството. Но, несомнено е едно, научниот придонес во доменот на менаџментот првично бил насочен само кон зголемувањето на профитот во производните организации. И денес не можеме да кажеме дека имаме унифициран пристап во процесот на менаџирањето со човечките ресурси во администрацијата во Европските земји и Америка, а истовремено разликите се очигледни и во процесот на менаџирање со човечките ресурси во приватните (производни) фирми и во непроизводните јавните служби. Во секој случај, спознаен е фактот дека треба да се менува пристапот на менаџирање со вработените во јавниот сектор, со цел да се овозможи поголема ефективност, ефикасност, респонзивност и одговорност, се во интерес на задоволството на граѓаните и успешноста на државата. Во учебникот ќе се осврнам на најбитните прашања поврзани со менаџирањето со човечките ресурси во јавната администрација во Република Македонија, некои Европски земји и во Америка. Покрај тоа, акцентот го ставам на значајните фази во процесот на менаџирање со човечките ресурси во јавната администрација: регрутирањето, селекцијата, системот на плата, наградување, оценување и казнување, мотивацијата и обуката на државните службеници. Како неодложен дел во процесите на менаџирањето, опфатени се и главните прашања поврзани со менаџментот на квалитетот, мерењето ја постигнувањата, одговорноста и контролата на работењето на јавната администрација. Материјалот во книгата се заснова на релевантни научни истражувања и други, научни и стручни показатели и практични примери, како и на сопствени анализи засновани на релевантни теоретски и практични пристапи. Верувам дека овој учебник ќе и овозможи на студентите, јасен и лесен начин да го совладаат материјалот и да се стекнат со нови знаења од доменот на менаџирањето со човечките ресурси, со акцент на јавната администрација.

Item Type: Book
Subjects: Humanities > Other humanities
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Jadranka Denkova
Date Deposited: 31 Jan 2020 09:56
Last Modified: 31 Jan 2020 09:56
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23635

Actions (login required)

View Item View Item