Доживотното учење во одбранбениот сектор на Република Македонија

Gjurcevski, Dragan and Iliev, Andrej (2018) Доживотното учење во одбранбениот сектор на Република Македонија. Contemporary Macedonian Defence – International Scientific Defence, Security and Peace Journal, 18 (34). pp. 55-66. ISSN 1409-8199

[thumbnail of SMO br.34 - 2018 UGD paper.pdf]
Preview
Text
SMO br.34 - 2018 UGD paper.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Водечка мисла во современите публикации од областа на менаџментот е дека „Компанијата постои заради клиентот“. Во Американската асоцијација за менаџмент на ова прашање се одговара со: „Вашиот успех не зависи од она што го
знаете вие, туку од она што правите со вашето знаење”.
Токму затоа, во насока на развивање на одбранбениот сектор во Република Македонија, постои потреба за утврдување на влијанието на организациското учење врз усогласување на индивидуалните и организациски потреби во
имплементација на доживотното учење кај вработените во одбранбениот сектор. Со тоа ќе се добие јасна перцепција на актуелните состојби во контекст на доживотното учење во одбранбениот сектор во Република Македонија, а резултатите од истражувањето ќе придонесат во индивидуалната и организациска имплементација на доживотното учење кај вработените во одбранбениот сектор,
нивно лично едукативно надградување, како и брзо и лесно имплементирање на стекнатите знаења во секојдневната практика. Според лисабонската стратегија доживотното учење се дефинира како: „Сите свесно преземени активности поврзани со учењето (формално или неформално), со цел подобрување на знаењето, вештините и компетенциите” и „Сите активности во животот поврзани со учењето, со цел подобрување на знаењето, вештините и компетенциите, од лична, граѓанска, социјална перспектива или од перспектива на вработувањето”. Со цел да се осознаат реалните состојби во сферата на доживотното учење во
рамки на одбранбениот сектор на Република Македонија се спроведе анкетирање на единките на примерокот (лица вработени во одбранбениот сектор на Република Македонија позиционирани на менаџерски и неменаџерски работни места). Истражувањето е направено на примерок од повеќе стотици испитаници, селектиран според критериумот вработени лица во одбранбениот сектор кои вршат активности предиспонирани кон доживотното учење (Министерство за одбрана на Република Македонија и неговите подрачни единици, Армијата на Република Македонија, Воената академија "Генерал Михаило Апостолски"-Скопје итн). Интерпретацијата на резултатите од истражувањето го анализира мислењето на испитаниците во врска со концептот на доживотното учење, ги идентификува потребите и значајните способности и вештини и ги детерминира факторите коишто влијаат врз изборот на одредена форма на доживотно учење,под хипотетска претпоставка дека постојат повеќе фактори што влијаат за учеството во процесот на доживотното учење.
Клучни зборови: доживотно учење, организациско учење, одбранбен сектор, Република Македонија

Item Type: Article
Impact Factor Value: 18
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Military Academy
Depositing User: Andrej Iliev
Date Deposited: 30 Jan 2020 12:51
Last Modified: 30 Jan 2020 12:51
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23616

Actions (login required)

View Item View Item