Потеклото на предлозите во италијанскиот јазик

Markoska, Nadica (2019) Потеклото на предлозите во италијанскиот јазик. Годишен зборник 2019 - Филолошки факултет, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, 10 (14). pp. 9-16. ISSN 1857-7059

[thumbnail of Потекло на предлозите во италијанскиот јазик.pdf]
Preview
Text
Потекло на предлозите во италијанскиот јазик.pdf

Download (239kB) | Preview

Abstract

Апстракт. Предлозите се едни од најупотребуваните јазични единици во јазиците што ги поседуваат. Овие јазични единици имаат многу значајна функција во економијата на говорот: да ги поврзуваат различните елементи во реченицата и да воспоставуваат однос меѓу различни елементи во реченицата. Предлозите се поврзани со категоријата падеж, а во јазиците каде што деклинацијата е загубена, каков што е случајот со италијанскиот и македонскиот јазик, предлозите ги преземаат функциите на падежите или на падежните флексии и тие ги изразуваат односите меѓу зависните и главните членови во синтагмата и во реченицата. Во нашиот труд ќе направиме еден историски преглед на предлозите во италијанскиот јазик со цел да ја увидиме поврзаноста на овие јазични единици со падежите во латинскиот јазик затоа што прилошките определби кои ги означуваат италијанските предлози во класичниот латински јазик се изразувале исклучиво со помош на падежите.
Клучни зборови: предлози, потекло, латински јазик, деклинација, прилошки определби, падежи.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Nadica Negrievska
Date Deposited: 30 Jan 2020 12:35
Last Modified: 30 Jan 2020 12:35
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23579

Actions (login required)

View Item View Item