Mojsov, Kiro (2019) Технологија за заштита на животната средина. Универзитет "Гоце Делчев" - Штип. ISBN 978-608-244-657-8
Full text not available from this repository. (Request a copy)Abstract
Потребата за изработка на учебникот „Технологија за заштита на животната средина“ е
голема, пред сè, за студентите на Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот
„Гоце Делчев“ во Штип кои према наставниот план го слушаат предметот „Технологија
за заштита на животната средина“ во четврта година на насоките за Нови технологии и
материјали и Технологија на материјали (фонд на часови 2+2+1) за да може да добијат
знаења за загаденоста на животната средина, како и со што би придонеле за
намалување на глобалните промени кои се последица од загадувањето. Исто така,
учебникот ги упатува студентите кон самостојно воочување на проблемите и промените
во работната и животната средина, и како таа подобро да се заштити.
Учебникот, исто така, може да ги задоволи и потребите на сите студенти кои имаат
потреба од подетални знаења неопходни за развој на сите подрачја на Технологија за
заштита на животната средина. Посебно ќе бидам задоволен ако колегите од
индустријата во овој учебник најдат податоци и теоретски објаснувања кои можат да им
послужат во секојдневната практика.
Во учебникот обработени се општите познавања за животната средина, изворите на
загадување на животната и работната средина и нејзиното пречистување, загадување
и заштита на атмосферскиот воздух, загадување и заштита на водите, загадување и
заштита на почвата, штетното дејство на хемиските материи врз животната и работната
средина, работа со штетни и опасни материи во идустријата и соодветните мерки за
заштита, складирање, пакување и транспорт на опасни материи, бучава и вибрации,
третман на отпадни флуиди, прелиминарно, примарно и секундарно пречистување,
биолошко отстранување на хранливи материи, процеси за природно пречистување,
физичко-хемиски постапки за пречистување, индустриски отпадни води, пречистителни
станици и пречистување на комуналните и индустриските отпадни води,
законодавството за животната средина и др.
Ако технологот ја познава оваа област, во можност е да одбере оптимални услови во
текот на поедини технолошки процеси, да спречи несакани промени и да обезбеди висок
квалитет на заштита на животната и работната средина. Преку материјата во овој
учебник студентите ќе се запознаат не само со основните принципи и постапки на
заштита на животната средина, одделно за секое загадување, туку и со начинот на
размислување, логиката и терминологијата во оваа област. Целта е студентите да
стекнат знаење за правилна работа во индустриски услови во зависност од претходната
обработка на загадувањата кои се појавуваат, како и да научат да користат литература
од оваа област.
При составување на овој учебник користени се познати учебници, практикуми и друга
литература. Освен со литература, авторот се користел и со сопствени податоци и
резултати од повеќегодишното работење во маслодајната индустрија (фабрика за
масло „Благој Ѓорев“- Велес).
Им изразувам посебна благодарност на рецензентите на учебникот, проф. д-р Дарко
Андроников и проф. д-р Ацо Јаневски, за укажаните сугестии кои ми помогнаа во
оформувањето и дополнувањето на учебникот.
Сите сугестии и забелешки за дополнување и поправка на овој учебник со задоволство
ќе бидат примени, за подобрено наредно издание.
Од авторот
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Environmental engineering |
Divisions: | Faculty of Technology |
Depositing User: | Kiro Mojsov |
Date Deposited: | 28 Jan 2020 13:56 |
Last Modified: | 28 Jan 2020 13:56 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23548 |
Actions (login required)
View Item |