Maksimova, Viktorija and Aleksandrov, Mihail (2019) Практикум по фитотерапија. ISBN 978-608-244-669-1.
Full text not available from this repository.Abstract
Ова учебно помагало „Практикум по фитотерапија“ е едно од првите изданија од оваа област во нашиот високообразовен систем, кое ќе им помогне на студентите по фармација на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, во совладување на знаењата за хербалните препарати и нивното соодветно користење.
Практикумот ја надополнува и соодветствува со содржината на скриптата по Фитотерапија, наменета за предметот Фитотерапија (фонд на часови 2+2+1), кој се изучува во шестиот семестар од третата студиска година на студентите по фармација,на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Практикумот е поделен на дванаесет вежби, во кои се систематизирани и елаборирани хербалните суровини, преработки и препарати кои се користат кај болести на различните органи и органски системи.
Практикумот изобилува, како со работни задачи кои ќе ги мотивираат студентите да истражуваат повеќе во областа на фитотерапијата, така и со прикази на клинички случаи и случаи од пракса, кои ќе им помогнат на идните фармацевти
полесно да се справат и да предложат соодветен хербален препарат за превенција или лекување на конкретни здравствени проблеми кај нивните пациенти во иднина.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Viktorija Maksimova |
Date Deposited: | 22 Jan 2020 12:32 |
Last Modified: | 22 Jan 2020 12:32 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23454 |
Actions (login required)
View Item |