Majhosev, Andon and Dzamtoska-Zdravkovska, Suzana (2019) Регулатива за медиумско покривање на изборните кампањи. In: 6th International Scientific Conference "Social Changes in the Global World", 05-06 Sept 2019, Stip, Macedonia.
Preview |
Text
Final program VI Conference.pdf Download (4MB) | Preview |
Preview |
Text
Regulativa za mediumsko pokrivanje na izborna kampanja.pdf Download (304kB) | Preview |
Preview |
Text
Proceedings 2019_compressed.pdf Download (7MB) | Preview |
Abstract
Апстракт
Изборите се сложен, противречен и одговорен политички процес, па затоа медиумите треба да бидат многу внимателни кога известуваат за нив.
Медиумите мора да се однесуваат на општествено одговорен начин, а тоа подразбира дека тие треба да се однесуваат непристрасно, правично и да имаат балансирано медиумско покривање на изборниот процес. За време на
изборите медиумите мора да обезбедат претставување на што поголем број на кандидати и политички субјекти (партии). Овие правила се однесуваат
на радиодифузните медиуми, додека печатените медиуми тоа треба да го обезбедата согласно етичките стандарди и саморегулацијата. Секои избори се тест за демократијата и демократските вредности во општеството, но тие
се тест и соочување за партиските програми.
Покривањето на изборите е многу важен сегмент од слободата на изразување. Покривањето на изборите не подразбира само известување за изборната кампања и одржаните партиски митинзи. Тоа подразбира и
известување за сите различни мислења и ставови на пол
итичките субјекти кои секогаш се спротивставени. Изборите се важен аспект на демократијата во една држава. Од начинот на организирање и спроведувањето на
изборниот процес се создава перцепција во јавноста за демократскиот капацитет на една држава.
Изборите не се одвиваат во правен вакуум. Тие се спроведуваат врз основа на меѓународни инструменти кои ги детерминираат стандардите според кои треба да се организираат и спроведуваат изборите. Меѓународните
стандарди на регулативата за медиумско покривање на избо
рните кампањи поголем дел од демократските држави во светот ги имаат имплементирано во сопственото национално законодавство, меѓу кои и Република Македонија.
Основно истражувачко прашање во трудот е Дали изборното законодавство во Република С. Македонија е согласно со законодавството на ЕУ и меѓународното изборно право? До одговор на поставеното прашање ќе дојдеме преку анализа на националната и меѓународната изборна легислатива, применувајќи ги методите на анализа на содржина и правниот метод.
Клучни зборови: медиуми, новинар, регулатива, изборна кампања
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law Social Sciences > Media and communications |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Andon Majhosev |
Date Deposited: | 20 Jan 2020 11:59 |
Last Modified: | 20 Jan 2020 11:59 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23442 |
Actions (login required)
View Item |