Petrevska, Biljana (2019) New aspects of tourism development in the South-west planning region / Нови аспекти за развој на туризмот во Југозападниот плански регион. . (Unpublished)
Preview |
Text
New aspects of tourism development in the South-West planning region.pdf Download (835kB) | Preview |
Abstract
Како просторна целина со поливалетни атрактивни својства, Југозападниот плански регион има доминантна позиција во регионалната дистрибуција на туристичкиот промет. Сепак, постои потреба од збогатување на туристичката понуда. Презентирани се три примери како идеи за развивање нов туристички производ во повеќе општини во Југозападниот плански регион:
o Пример 1: Можност за развивање нов туристички производ во Охрид темелен на Еврејското културно наследство. Истражувањато на Petrevska et al. (2018) за дизајнирање и развивање туристички рути поврзани со Еврејското културно наследство во Македонија, преку анализа на Скопје (Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија), Штип (Споменикот на депортираните Евреи) и Битола (Еврејските гробишта и Меморијалниот Парк), може да е добра почетна основа за проширување и вклучување на Охрид. Имено, библиографските единици покажуваат постоење на напуштени Еврејски гробишта во Охрид, но и долга историја на активно присуство на Евреи во Охрид кој бил и родно место на истакнати Евреи како историски личности (1108 година Леон Мунг; 1328 година Јуда бен Моше Москона; итн). Преку добро осмислена приказна, може да се промовира нов производ со што би се збогатила постојната понуда во рамки на културниот туризам кој генерално се одвива пред и после главната туристичка сезона во Охрид. Така, покрај концентрацијата на Израелските туристи во Охрид само во летните месеци, може да се понуди нов туристички производ кој може да се користи низ цела година.
o Пример 2: Можност за развивање нов туристички производ во Дебар, Струга и Кичево темелен на Отоманското културно наследство. Накратко беа презентирани резултати од анализи на туристичките текови од аранжмани на туристички агенции кои нудат организирана Отоманска рута низ Македонија. Покрај идентификуваните шест главни точки: Скопје (14 атракции), Тетово (2 атракции), Центар Жупа (1 атракција), Охрид (5 атракции), Ресен (1 атракција) и Битола (6 атракции), презентирана е можност за проширување и вклучување на дел од општините од Југозападниот регион во веќе постоечките рути. Дебар, Струга и Кичево поседуваат културно наследство кое датира од Отоманскиот период кое може туристички да се валоризира. Така, постојните рути би се прошириле, регионот би добил порамномерен развој, а престојот на туристите од Турција би се продолжил.
o Пример 3: Можност за развивање нов туристички производ во Македонски Брод, Дебарца и Пласница темелен на Шумановата резонанца. Накратко беа презентирани резултати од истражувањето на Petrevska & Popovski (2019) за можноста да се користи позитивното терапевтското дејство на Шумановата резонанца (Schumann, 1952) за туристички цели, преку анализа на случајот на Бања Кежовица (Штип). Посочени беа многу научно докажани примери за позитивните сигнали кои ги има основната екстремно ниска фреквенција од 7.83[Hz] заедно со хармониците од 14, 20, 26, 33, 39 и 45[Hz], особено врз нервниот систем, меморијата, мозочната и срцева активност на човекот, предизвикувајќи позитивно пријатно чувство, смирување, релаксирање, заздравување и позитивен став. Идејата е да се користат природните атрактори кои ги имаат општините во Југозападниот плански регион за да се креира и понуди нов туристички производ со нула сезоналност. Укажано беше на можноста да се иницираат мерења во Македонски Брод (Јасен, Караџица, Козјак, Треска и Пешна), Дебарца (Јаорец) и Пласница (Бушева Планина), па доколку се идентификува постоење на ваков сигнал, истиот да се искористи за креирање приказна и нов производ за туристичка потрошувачка.
Понудените нови аспекти за идентификување, дефинирање и креирање нови видови туристички производи даваат нова можност за ублажување на сезоналноста во туризмот и и перспектива за рамномерен регионален развој на општините кои припаѓаат на Југоззападниот плански регион.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Other social sciences |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Biljana Petrevska |
Date Deposited: | 21 Jan 2020 12:34 |
Last Modified: | 21 Jan 2020 12:34 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23431 |
Actions (login required)
View Item |