Моделот на симболиката во творештвото на Матош

Mladenoski, Ranko (2019) Моделот на симболиката во творештвото на Матош. Palimpsest, IV (8). pp. 193-203. ISSN 2545-3998

[thumbnail of Ranko Mladenoski za Matosevite zvona Pal br 8.pdf]
Preview
Text
Ranko Mladenoski za Matosevite zvona Pal br 8.pdf

Download (5MB) | Preview

Abstract

Трудот претставува осврт кон една значајна книга на македонскиот писател, публицист и професор Венко Андоновски со наслов „Матошевите ѕвона“. Во книгата системски се анализираат и се интерпретираат естетските функции на симболите во поезијата и во прозата на Антун Густав Матош со доминантна примена на семиолошки истражувачки методи, а во овој труд се детектираат фундаменталните специфики на таа аналитичка постапка. Особено внимание се обрнува на интерпретацијата на улогата на симболите „ѕвоно“ и „цвет“ кои се примарни и клучни елементи во поезијата на Матош, но тие имаат своја функција и во неговите раскази и новели, а тоа Андоновски детално го докажува и го покажува во неговата студија за хрватскиот симболист Матош. На крајот од трудот се нагласува дека книгата „Матошевите ѕвона“ од Андоновски има големото значење затоа што во неа се нуди и еден семиолошко-книжевен модел за интерпретација на поетските структури.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 16 Jan 2020 11:30
Last Modified: 16 Jan 2020 11:30
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23386

Actions (login required)

View Item View Item