Несакани ефекти од трансфузија на крв во дневната трансфузиолошка болница при ЈЗУ „Општа болница“ во Штип

Kamcev, Nikola and Vitlarova, Jordanka and Kamceva, Gordana and Kamceva, Milka and Velickova, Nevenka (2009) Несакани ефекти од трансфузија на крв во дневната трансфузиолошка болница при ЈЗУ „Општа болница“ во Штип. In: III Congress of Macedonian society of transfusion medicine, 10-14 June 2009, Ohrid, R. Macedonia.

[thumbnail of III Congress of Macedonian Society of Transfusion Medicine.pdf]
Preview
Text
III Congress of Macedonian Society of Transfusion Medicine.pdf

Download (634kB) | Preview
[thumbnail of Poster.pdf]
Preview
Text
Poster.pdf

Download (359kB) | Preview

Abstract

Вовед: Несаканите ефекти од трансфузија на крв се поделени во две групи: рани, во кои спаѓаат- фебрилни реакции, алергиски реакции, акутни хемолитични реакции, бактериска контаминација, TRALI, волуменско оптоварување, хипотермија и цитратна токсичност и ефектот на калиумот, одложени и долгорочни несакани ефекти од трансфузија на крв во кои спаѓаат-одложена хемолитична реакција, алоимунизација (кон еритроцити, тромбоцити, леукоцити), GvHD како резултат на трансфузија, имуномодулаторни ефекти, акумулација на железо и пренос на инфективни заболувања.
Цел: Да се прикажат несаканите ефекти од трансфузија на крв во изминатите 10 години кај пациенти трансфундирани во Дневната трансфузиолошка болница во Штип
Материјал и методи: Во РЕ трансфузиологија се бележи и анализира секоја несакана појава поврзана со прибирањето, скрингот, процесирањето, чувањето, дистрибуцијата и трансфузијата на крв и крвни продукти кај дарителот и примателот.
Во дневната трансфузиолошка болница, како оддел на РЕ трансфузиологија се трансфундираат болни со тешка патологија, најчесто пациенти со неоплазми и секундарна анемија. Несаканите реакции од трансфузија на крв се следат повеќе години, Ги прикажуваме несаканите реакции анализирани во период од 10 години.
Резултати: Во изминатите 10 години во Дневната трансфузиолошка болница трансфундирани се 3579 еритроцитни концентрати. Во истиот период 6 (0,16%) несакани реакции се регистрирани во Дневната трансфузиолошка болница. Несаканите реакции беа: алергиски 4 (0,11%) и нехемолитични фебрилни реакции 2 (0.05%). Тешки рани пострансфузиски реакции и одложени - долгорочни реакции не беа регистрирани.
Заклучок: Во анализираниот период не беше регистрирана тешка несакана реакција и поред природата и тежината на трансфундираните болни. За одбележување е фактот што постои добра соработка и корелација меѓу клиничките доктори трансфузиолози и нивното богато клиничко искуство во добрата клиничка трансфузиска практика.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Nikola Kamcev
Date Deposited: 28 Jan 2020 09:39
Last Modified: 28 Jan 2020 09:39
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23355

Actions (login required)

View Item View Item