Деплетирани еритроцитни (ер) концентрати кај болни со инсуфициенција на коскена срцевина лекувани во дневната трансфузиолошка болница во Штип

Kamcev, Nikola and Vitlarova, Jordanka and Ivanova, Liljana and Kamceva, Milka (2004) Деплетирани еритроцитни (ер) концентрати кај болни со инсуфициенција на коскена срцевина лекувани во дневната трансфузиолошка болница во Штип. In: II Congress of Macedonian Society of Transfusion Medicine, 29 Sept-02 Oct 2004, Ohrid, Macedonia.

[thumbnail of II Congress of Macedonian Society of Transfusion Medicine.pdf]
Preview
Text
II Congress of Macedonian Society of Transfusion Medicine.pdf

Download (814kB) | Preview
[thumbnail of Poster.pdf]
Preview
Text
Poster.pdf

Download (385kB) | Preview

Abstract

Цел:
Да се прикаже бројот на трансфундирани болни со хипоплазија, аплазија, остеомиелосклероза и супресија на коскена срцевина како резултат на аплицирана хемотерапија или ирадијациона терапија кај болни со малигни заболувања.
Материјал и методи:
Болните се поделени во две групи: болни со хипоплазија, аплазија и остеомиелосклероза кои се трансфундирани со леукоцитно-деплетирани Ер концентрати и болни со малигни заболувања со супресија на коскената срцевина како резултат на аплицирана хемотерапија или ирадијациона терапија, трансфундирани со измиени Ер концентрати. Ер концентрати се миени со стандардни трансфузиолошки постапки, а леукоцитно-деплетирани еритроцитни концентрати се добиени со филтрирање на Ер концентрати со Baxter-Sepacell RS-2000 I Pall-Purecell RN филтри. Примероците за анализа се земени од системот пред и после филтерот. Хематолошките параметри се автоматски работени во централната клиничко-биохемиска лабораторија во Медицинскиот центар во Штип.
Резултати:
Во изминатите пет години трансфундирани се вкупно 57 болни со инсуфициенција на коскена срцевина. Од нив 24 (42,19%) се трансфундирани со Ер концентрати сиромашни со Le. Од нив 9(37,5%) се пациенти со аплазија и хипоплазија на коскената срцевина, 5(20,8%) се со остеомиелосклероза и 10 (41,6%) со малигни хемопатии. 33 (57,89%) се со неоплазми од кои 18 (54,5%) се третирани со хемотерапија и 15 (45,4%) болни третирани со комбинирана хемотерапија и ирадијациона терапија. Од нив мажи се 21 (36,84%), а жени 36 (63,15%). Возраста на болните се движи од 25-79% години.
Заклучок:
Ер концентрати сиромашни со леукоцити ја минимизира сензибилизацијата на пациентите кои се експонирани на Le-Ag, а се намалува и ризикот од фебрилни посттрансфузиски реакции (FPTR) кај пациенти кои веќе се алоимунизирани на Le-Ag. Le како вектори и резервоар на многу инфективни агенси како што се вирусните (CMV, HIV, HTLV, EBV), а исто така и на некои бактерии со нивното отстранување се редуцираат и покасните несакани посттрансфузиски компликации. Сериозни посттрансфузиски несакани реакции н Ер концентрати сиромашни со леукоцити во споредба со измиените Ер концентрати и нивната можност од додатната контаминација препорачуваме редовна употреба на леукоцитно-деплетирани Ер концентрати кај болни со инсуфициенција на коскена срцевина.емавме, а поради намалениот број на Ер во крвните единици.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Nikola Kamcev
Date Deposited: 29 Jan 2020 10:19
Last Modified: 29 Jan 2020 10:19
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23344

Actions (login required)

View Item View Item