Крводарителството во општина Штип во период 1979-2000 година

Vitlarova, Jordanka and Kamcev, Nikola and Ivanova, Liljana and Dejanova, Vesna and Trokovska, Vesna and Veresa, Viktor (2001) Крводарителството во општина Штип во период 1979-2000 година. In: 29ти Октомвриски средби, 29 Oct 2001, Ohrid, Macedonia.

[thumbnail of 29ти Октомвриски средби, 2001, Охрид, Македонија.pdf]
Preview
Text
29ти Октомвриски средби, 2001, Охрид, Македонија.pdf

Download (401kB) | Preview
[thumbnail of Poster.pdf]
Preview
Text
Poster.pdf

Download (309kB) | Preview

Abstract

Вовед: Обезбедувањето крв во доволна количина за потребите на болните и повредените кои се лекуваат во работните единици на Медицинскиот центар во Штип е основна задача на РЕ Трансфузиологија.
Цел: Реално да се прикажат постигнатите резултати во областа на крводарувањето во општина Штип во период од 1979-2000 година. Посебно да се прикажат планираните и остварените годишни потреби од свежа крв; односот на реализирани крводарувања во работната единица и терен; застапеноста на крводарителите по возраст, пол и социјална структура; фрекфенцијата на крводарители по прв пат и повеќекратни крводарители.
Материјал и методи: Во исминатите 22 години РЕ Трансфузиологија во соработка со општинската организација на Црвен крст во Штип во работните организации, училиштата, факултетите и месните заедници реализираа вкупно 1253 акции за доброволно крводарување на крв. Покрај тоа реализирани се повеќе стотици крводарувања и во просториите на работната единица за трансфузиологија.
Резултати: Во периодот 1079-2000 година планирани се вкупно 37.776 крводарувања. Остварени се 59.665 или во просек планот е реализиран со 157,9%. Околу 25-162 или 42,1% од крводарувањата се остварени во работната единица, а 34.503 или 75,8% на терен. Организирани се вкупно 1253 доброволни крводарителски акции. Во просек секоја акција има по 27,5 крводарувања. По прв пат даруваа 8.485 или 14,2% граѓани, а останатите 51.180 или 85,7% се повеќекратни дарители. Најголем процент (54,9%) од крводарителите се на возраст од 26-40 години. Потоа следува возрасната група над 40 години (23,9%) и (21%) возрасната група од 18-26 години. Во просек 68% од крводарителите се мажи, а 32% се жени. Најголем процент од доброволните крводарители (68,9%) се работниците од непосредното производство, по нив следуваат учениците со 13,0%, а потоа административните работници со 9,2%. По последните неколку години (од 1995-2000) се зголемува бројот на крводарители од граѓани невработени, стечајни работници и работници прогласени за технолошки вишок.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Nikola Kamcev
Date Deposited: 27 Jan 2020 09:58
Last Modified: 27 Jan 2020 09:58
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23282

Actions (login required)

View Item View Item