Jakimovska, Antonija (2019) Дијабетна полиневропатија и кинезитерапија. Other thesis, Goce Delcev University Stip.
Preview |
Text
1.Специјалистички-труд-на-Антонија-Јакимовска-1.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Дијабетна полиневропатија претставува нарушување на структурата и функцијата на периферните нерви.
Дијабетната невропатија ги опфаќа симптомите и знаците на невропатијата кај пациентите со дијабетес, каде што се исклучуваат други причини (алкохолизам, автоимуни, воспалителни, ендокрини, метаболни и други болести). Исто така, вклучува и манифестации на автономниот нервен систем.
Кон крајот на 19 век се вршени испитувања на карактеристичната болка кај дијабетната невропатија, каде што е утврдено дека болката кај овие пациенти е зголемена и постојана и најмногу превладува во текот на ноќта. Некои пациенти чувствуваат мали болки на прстите, додека други чувствуваат постојана болка по должината на долните екстремитети, со тенденција на ширење кон горните екстремитети.
За време на траењето на болеста се јавува нарушување на сонот, последователно се јавува намалување на активностите во секојдневниот живот, пациентите стануваат депресивни имаат слаб квалитет на живот.
Дијабетната полиневропатија спаѓа во групата на микроваскуларни компликации, при што ги зафаќа и оштетува капиларите и артериолите, предизвикувајќи набабрување на базалните мембрани на крвните садови и нерви.
Item Type: | Thesis (Other) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 15 Jan 2020 09:28 |
Last Modified: | 15 Jan 2020 09:28 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23260 |
Actions (login required)
View Item |