Примена на планирање на експерименти за добивање на текстилни композити

Zlatkov, Ivan (2019) Примена на планирање на експерименти за добивање на текстилни композити. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of Лекторирано, Magisterski trud - Ivan Zlatkov.pdf]
Preview
Text
Лекторирано, Magisterski trud - Ivan Zlatkov.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Во овој магистерски труд направено е истражување за производство на композитни плочи. Беше направено истражување за примена на технички влакна во форма на панама и кепер преплет за добивање на композитни плочи со користење на технологијата компресионо пресување. Беа користени стаклени ткаенини како зајакнувачки материјал и епоксиден смолен систем за добивањето на полупроизвод – препрег со рачно импрегнирање. Потоа, беа произведени композитни плочи со различен дизајн, т.е. зајакнати со ткаенина со различен тип на преплет, пресувани на различен притисок и беше направена карактеризација на механичките карактеристики на добиените композитни плочи. Беше направен дизајн и анализа на процесот со помош на полн двофакторен експеримент со земање на два фактори кои најмногу влијаат на процесот и со нивно менување на две нивоа: минимална и максимална вредност. Земени беа следните фактори, односно параметри на процесот: тип на преплет и притисок напресување. Врз основа на план матрицата направени се 4 експерименти со менување на двата фактори на две нивоа (22). Добиени се 4 различни примероци – композитни плочи и за сите беше определена јачината на свиткување. Врз основа на добиените резултати, добиена е адекватна регресиона равенка која најдобро го опишува влијанието на избраните фактори врз јачината на свиткување, односно врз отпорноста на композитот сè до негова целосна деструкција. Од добините резултати и регресионата равенка добиен е заклучокот дека влијанието на типот на преплет кај зајакнувачката компонента е поизразено, додека влијанието на притисокот на пресување е помало. Од добиените резултати беше заклучено декапримената на подобар тип на зајакнувачка ткаенина (во случајов кепер) и поголем притисок на пресување ќе резултирасо најголема јачини на свиткување кај композитните плочи, односно ќе се добијат композити кои ќе поседуваат најдобри механички карактеристики.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Technology
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 13 Jan 2020 10:48
Last Modified: 13 Jan 2020 10:48
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23244

Actions (login required)

View Item View Item