Zafirovska, Vesna (2019) Состојба со кардиоваскуларните болести во Република Северна Македонија во 2018 година. Other thesis, Goce Delcev University Stip.
Preview |
Text
Lektoriran Vesna Zafirovska specijalisticki finish.pdf Download (651kB) | Preview |
Abstract
Кардиоваскуларните болести претставуваат голема, хетерогена група заболувања и се водечка причина за смрт, како на глобално ниво, така и во Република Северна Македонија. Тие предизвикуваат повеќе смртни случаи отколку сите други причини заедно и ги зафаќа најмногу земјите со низок и среден приход. Во рамките на незаразни болести, кардиоваскуларните болести заедно со малигните заболувања се причина за три четвртини за смртност во Европскиот Регион. Проценките покажуваат дека најмалку 80 % од сите срцеви болести, срцев удар и дијабетес тип 2 може да се спречат. Најчести ризик фактори за настанување на кардиоваскуларните заболувања кои се поврзани со однесувањето се: употреба на тутун, физичка неактивност, нездрава исхрана и прекумерна употреба на алкохол, што доведуваат до четири клучни метаболни/физиолошки промени: покачен крвен притисок, прекумерна тежина/дебелина, покачено ниво на шеќер во крвта и покачен холестерол. Секоја година кардиоваскуларните болести се причина за 17,5 милиони случаи на прерана смрт, а до 2030 година се очекува дека 23,6 милиони луѓе ќе умрат од овие заболувања. Ова се проектирани бројки од Светската здравствена организација (СЗО), при што се очекува КВБ да станат водечка причина за смрт во светот.
Item Type: | Thesis (Other) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 13 Jan 2020 10:46 |
Last Modified: | 13 Jan 2020 10:46 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23241 |
Actions (login required)
View Item |