Todorova, Biljana (2019) Социјална заштита на вработената жена за време на бременост и мајчинство. Општествените промени во глобалниот свет, 1 (6). pp. 137-152. ISSN 978-608-244-353-9
Preview |
Text
TODOROVA.pdf Download (332kB) | Preview |
Abstract
Заштита на мајчинството е основно човеково право и суштински предуслов за остварување на правата на жените и родова еднаквост. Тоа е правно и општествено признавање на придонесот што жените го прават со тоа што раѓаатдеца додека во исто време работат за плата. Заштита на мајчинството значи заштита на правото на работа на жените. Иато така значи тие да работат со достоинство и да имаат услови во кои нема дискриминација по основ на нивниот пол и нивната улога во репродуктивниот процес. Заштитата на мајчинството е препознаена како клучна компонента на системите за социјална заштита, како инвестиција за обезбедување на идниот човечки капитал во една земја -како што е прикажано со опсегот на голем број политички иницијативи.Неодамнешните трендови во програмите за заштита на породилното отсуство и мајчинството покажуваат дека дел од европските земји имаат усвоено мерки за прилагодување кои ефективно го намалуваат нивото на заштита на мајчинството, што има штетно влијание врз правата на жените. Други земји усвоија мерки кои ја прошируваат заштитата на мајчинството преку зголемување на времетраењето и опфатот на бенефициите за мајчинство, или преку проширување на покриеноста со заштитата на мајчинството.Во трудот се прави споредбена анализа на ова право во конвенциите на Меѓународната организација на трудот (МОТ), правото на Европската Унија и во тој контекст се елаборираат предизвиците на законодавството на Република Северна Македонија. Понатаму во трудот е направена динстинкција помеѓу правата од бременост и правата од породилно / родителско отсуство кои се одделно регулирани и за чија исплата на парични надоместоци се задолжени различни институции.Правото на надоместок на плата за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство го имаат осигурениците под услови предвидени во законите од областа на работни односи и законодавството за здравствено осигурување или социјална заштита. Оттаму, следи и преглед анализа на организацијата на парични бенефиции за мајчинство согласно овие закони. Главен инструмент при анализата во трудот е критичкиот осврт на важечкото законодавство кое се однесува на овој вид на парични надоместоци од социјално осигурување и заштита.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Biljana Todorova |
Date Deposited: | 24 Dec 2019 12:53 |
Last Modified: | 24 Dec 2019 12:53 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23208 |
Actions (login required)
View Item |