Radulovik, Makedonka and Todorova, Biljana (2019) Парични примања од социјална заштита на деца – осврт на правото на детски додаток. Годишен зборник на Филозофски факултет на Универзитетот „Св. Кирили и Методиј“ - Скопје, 72. pp. 589-601. ISSN 0350-1892
Preview |
Text
RADULOVIC TODOROVA.pdf Download (583kB) | Preview |
Abstract
Парични примања од социјална заштита на деца се утврдени во Законот за заштита на децата, и тоа: детски додаток, посебен додаток, еднократна парична помош за новороденче и родителски додаток за дете. Во трудот се прави осврт само на најзастапената социјална финансиска помош на
семејството со деца, правото на детски додаток.
Најчесто, детскиот додаток им се доделува на сите семејства чиј вкупен семеен приход е под одреден финансиски праг и е изготвен да помогне во
покривањето на трошоците кои се однесуваат на издржување на дете до одредена возраст. Понекогаш ова право е условено од вработување на родителите, школување на децата, вакцини и здравствени прегледи.
Правото на Европската Унија пропишува дека детските бенефиции/исплатата на детскиот додаток ги презема земјата на живеење во која
живее или работи граѓанинот на ЕУ, независно од неговата националност.
Оттаму, во трудот, со примена на компаративниот метод, се прави преглед на остварување на правото на детски додаток во некои од земјите на ЕУ.
Со помош на правниот и социолошкиот метод е дадена и анализа на
правото на детски додаток во Република Северна Македонија.
Понатаму во трудот се применува комбинација од квантитативни
и квалитативни методи на истражување, анализирајќи секундарни податоци. Главен инструмент при анализата во трудот е критичкиот осврт на
важечкото законодавство кое се однесува на правото на детски додаток и системот на социјална заштита на децата.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Biljana Todorova |
Date Deposited: | 24 Dec 2019 12:52 |
Last Modified: | 24 Dec 2019 12:52 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23206 |
Actions (login required)
View Item |