Grkova, Marija (2016) Секциско предавање на тема Нешто за удвојувањето на индиректниот предмет кај учениците од IX одделение – припадници на турската заедница со наставен Mакедонски јазик. In: Деветтиот научен собир на млади македонисти (конференција во чест на проф. д-р Лилјана Минова-Ѓуркова), 12-13 May 2016, Skopje, Macedonia. (Submitted)
Preview |
Text
ПРОГРАМА ЗА ДЕВЕТТИОТ НАУЧЕН СОБИР НА МЛАДИ МАКЕДОНИСТИ-converted.pdf Download (327kB) | Preview |
Abstract
Познато е дека удвојувањето на предметите е една од најкарактеристичните особини на македонскиот јазик, која оди во насока на граматикализација и со тоа го издвојува од другите јазици во балканскиот јазичен сојуз. Удвојувањето на предметите е застапено како методска единица во наставните програми од Бирото за развој на обрзованието по предметот Mакедонски јазик.Целна група на истражувањето ќе бидат учениците од IX одделение – припадници на турската заедница со наставен македонски јазик во Штип. Овие ученици следат настава на македонски јазик од почетокот на своето образование. Со оглед на тоа што индиректниот предмет се усвојува во осмо одделние, истражувањето ќе го спроведеме кај учениците од IX одделение, сметајќи дека темата им е усвоена. За таа цел, ќе подготвиме анонимен тест по македонски јазик како немајчин што ќе содржи вежби во кои ќе биде застапен и индиректниот предмет, поточно неговото удвојување. Ќе имаме предвид да земеме вежби што ќе бидат директно поврзани само со нашата тема, од една страна, а од друга, да земеме вежби во кои нема да правиме големи промени.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Speech) |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Marija Grkova |
Date Deposited: | 18 Dec 2019 13:20 |
Last Modified: | 18 Dec 2019 13:20 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23167 |
Actions (login required)
View Item |