Секциско предавање на тема За вежбите поврзани со граматичките категории на именките од учебниците по македонски јазик за странци – почетно рамниште

Grkova, Marija (2013) Секциско предавање на тема За вежбите поврзани со граматичките категории на именките од учебниците по македонски јазик за странци – почетно рамниште. In: VIII научен собир на млади македонисти, 16-18 May 2013, Skopje, Macedonia. (Submitted)

[thumbnail of Grkova Programa i izlaganje Osmi sobir makedonisti.pdf]
Preview
Text
Grkova Programa i izlaganje Osmi sobir makedonisti.pdf

Download (256kB) | Preview

Abstract

На Осмиот научен собир на млади македонисти д-р Марија Гркова учествуваше со излагање на тема „За вежбите поврзани со граматичките категории на именките од учебниците по македонски јазик за странци – почетно рамниште“. Во текот на излагањето кандидатката дискутираше за застапеноста на вежбите поврзани со граматичките категории кај именките во македонскиот јазик како странски од учебниците наменети за овој тип настава. Целта на истражувањето е да се анализираат решенијата на вежбите од два контролни теста спроведени меѓу студенти што го учат македонскиот јазик како странски во Република Македонија и меѓу студенти што го учат македонскиот јазик како странски надвор од нашата држава, односно во два лекторати по македонски јазик. Во текот на излагањето се претставени резултатите од анализите, но дадени се и предлози (сугестии) за полесно усвојување на граматичките категории кај именките во македонскиот јазик: „Кога станува збор за граматичката категорија род, особено треба да се посвети внимание на завршокот на именките, со оглед на фактот што нема по еден одделен завршок за секој род одделно. Потоа, треба да им се посвети поголемо внимание на студентите чиј мајчин јазик не познава граматички род (како што е турскиот) за кои треба да има поголем број вежби за усвојување на родот кај именките; За полесно усвојување на граматичката категорија број, најпрвин е потребно да има вежби во кои ќе се бара менување на граматичките форми на именките од еднина во обична множина, но и обратно, од обичната множина во еднина. Секако треба да бидат застапени и вежби со избројана и со збирна множина во поголем број, така што тоа би довело до помал степен на мешање на наставките“.

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Marija Grkova
Date Deposited: 18 Dec 2019 13:18
Last Modified: 18 Dec 2019 13:18
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23165

Actions (login required)

View Item View Item