Фактори поврзани со незадоволство од чувството за вкус кај возрасни пациенти со тотални протези

Churkoska, Daniela and Toneva Stojmenova, Verica and Zlatanoska, Katerina and Bojceva, Ivana (2015) Фактори поврзани со незадоволство од чувството за вкус кај возрасни пациенти со тотални протези. In: 22nd International Dental Student’s Scientific Congress, 22-24 May 2015, Ohrid, Macedonia. (Unpublished)

[thumbnail of poster-2015-Verica-Toneva pdf.pdf]
Preview
Text
poster-2015-Verica-Toneva pdf.pdf

Download (768kB) | Preview
[thumbnail of ohrid 2015 apstrakt izdvoeni strani.pdf]
Preview
Text
ohrid 2015 apstrakt izdvoeni strani.pdf

Download (5MB) | Preview

Abstract

Цел: Целта на оваа студија беше да се испита чувството за вкус кај постари лица и да се утврди врската помеѓу субјективното чувство за вкус со факторите како возраст, пол и орален статус кај самостојни возрасни пациенти.
Материјали и методи: Студијата вклучи вкупно 95 носители на тотални протези (50 мажи и 45 жени) на возраст од 54 до 78 кои посетија две стоматолошки ординации во Штип, Македонија. На учесниците им беше даден за пополнување структуриран прашалник. Прашалникот вклучуваше прашања за самооценување на општата здравствена состојба, сува уста, џвакање и чувството за вкус. Испитаниците беа подложени на испитување на стоматолошкиот статус и тестирање на вкус со употреба на мешавина (сахароза и винска киселина).
Резултати: Анализите покажаа дека факторите поврзани со незадоволство со чувството за вкус беа женски пол, степен на образование, постара возраст, сувост на уста, жаречка уста, акумулација на бактериски плак на јазикот, протези кои го покриваат целото тврдо непце и носење на протези во текот на ноќта.
Заклучок: Во оваа студија ние откривме значителна поврзаност помеѓу субјективните незадоволство од чувството за вкус и одредени орални фактори. Субјективното чувство за вкус беше значително подобрено после чистење на јазикот и отстранување на протезите во текот на ноќта, па оттука, кога пациентите се жалат на нарушен вкус, стоматолозите треба да извршат процена и на оралниот статус, заедно со чувството за вкус.
Клучни зборови: Незадоволство од чувство за вкус, тотални протези, сувост на уста

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Verica Toneva Stojmenova
Date Deposited: 24 Dec 2019 12:53
Last Modified: 26 Nov 2024 10:31
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23160

Actions (login required)

View Item View Item