Против нуклеарна, хемиска и биолошка поддршка на единиците во АРМ

Dimoski, Kiro and Iliev, Andrej and Hasic, Faruk (2011) Против нуклеарна, хемиска и биолошка поддршка на единиците во АРМ. COBISS.MK-ID 84399370 . Solarisprint, Skopje. ISBN 978-608-4581-05-5

[thumbnail of ПНХБп UGD книга-converted.pdf]
Preview
Text
ПНХБп UGD книга-converted.pdf

Download (2MB) | Preview
[thumbnail of ImageMagick conversion from image to application/pdf]
Preview
Text (ImageMagick conversion from image to application/pdf)
ПНХБп корица.pdf

Download (675kB) | Preview

Abstract

Противнуклеарната-хемиско-биолошка поддршка на единиците во Армијата на Република Македонија опфаќа збир на разновидни мерки, постапки и активности кои ги преземаат сите поединци, команди и единици, со цел благовремено да се открие употребата на нуклеарното, хемиското и биолошкото оружје, да се постигне максимален можен степен на заштита на ж/с, борбените и други МТС, да се сочува
б/г и да се изврши задачата во услови на употреба на нуклеарното, хемиското и биолошкото оружје (НХБ/о).
Основна карактеристика на нуклеарното, хемиското и биолошкото оружје е нивното просторно дејство, односно едновремено зафаќање на голем простор, масовни загуби на жива сила, уништување на објекти, контаминација итн.
Од друга страна пак, употребата на нуклеарното оружје со мала сила, односно неутронските бомби или бојните отрови не придонесуваат за солидни стратегиски резултати.
Со нив агресорот би можел да оствари тактички или оперативни цели во почетната фаза од нивната употреба.
Суперсилите, и не само тие, се уште му даваат одлучувачко значење на НХБ оружјето во евентуална идна војна.
Посебно загрижуваат податоците за развојот на тактичкото нуклеарно оружје и настојувањето на големите сили ова оружје да го поистоветат со конвенционалното оружје. Сето ова длабоко нé уверува во можноста за употреба на НХБ оружје и во локалните војни. Во доктрините и стратегиите на големите сили посебно значење се придава на употребата на нуклеарното оружје. Во современите војни, без класичен фронт и заднина, често се огранични можностите за ефикасна примена на НХБ оружје. Испреплетеноста на фронтовите и заднината на целото војувалиште не даваат добри услови за безбедна примена на НХБ оружје.
Влијанието на понатамошниот развој на атомско- биолошко-хемиската одбрана мора да биде предмет на посебно истражување, како во областите на воените вештини, така и во делот на воената техника. Во областа на воената вештина, истражувањата мораат да дадат адекватни решенија за многу проблеми кои ги создава НХБ оружјето .
Во рамките на општите мерки на ПНХБп, една од тие мерки е и примена на растреситиот борбен распоред на единиците

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Military Academy
Depositing User: Andrej Iliev
Date Deposited: 06 Dec 2019 09:50
Last Modified: 06 Dec 2019 09:50
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23015

Actions (login required)

View Item View Item