Grkova, Marija (2017) Првиот речник на синоними во македонскиот јазик. Палимпсест, Меѓународно списание за лингвистички, книжевни и културолошки истражувања, 2 (4). pp. 217-219. ISSN 2545-3998
Preview |
Text
Гркова, М. 2017а „Првиот речник на синоними во македонскиот јазик“..pdf Download (5MB) | Preview |
Abstract
Речникот на синоними во македонскиот јазик од авторите Толе Белчев и Снежана Веновска-Антевска е објавен во 2017 година. Овој Речник го сочинуваат 583 страници речнички текст, предговор, список на скратеници и користена литература. Во клучниот дел од речничкиот текст се опфатени 19.365 заглавни зборови претставени по азбучен редослед. Важно е да се спомене дека во Речникот се јавуваат повеќе од 50 илјади зборови со оглед на тоа што повеќето заглавни зборови имаат повеќе од еден синоним. Обработката на зборовите во Речникот најпрвин се движела во два правци. Едниот – да се наведат архаизмите, а другиот – да се наведат неологизмите. Авторите посветиле внимание и да ги вклучат зборовите кои се употребуваат со преносно значење поврзано со заглавниот збор, но и да се прикаже лексемета што е во употреба во македонскиот јазик. Како синоними на заглавните зборови авторите ги наведуваат зборовите со исто значење, слично значење, но и зборовите што ја развиле синонимијата по асоцијативен пат, а сепак се длабоко вкоренети во јазикот на говорителите од македонското говорно подрачје.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Marija Grkova |
Date Deposited: | 28 Nov 2019 09:38 |
Last Modified: | 28 Nov 2019 09:38 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22986 |
Actions (login required)
View Item |