Анализа на пристапот кон е-учење со техники за обработка на големи податоци од Moodle база на податоци

Janevski, Ljupce (2019) Анализа на пристапот кон е-учење со техники за обработка на големи податоци од Moodle база на податоци. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of Ljupce Magisterski_trud_Ljupce_Janevski_2019_koregiran_konecen.pdf]
Preview
Text
Ljupce Magisterski_trud_Ljupce_Janevski_2019_koregiran_konecen.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Денес постојано се генерира голем број на податоци кои бараат соодветна обработка. Стандардните техники за обработка не можеа да одговорат на овие барања. Развојот на информатичката технологија допринесе за појава на области чија примарна цел е обработка и анализа на податоците. Големите податоци се податоци кои се појавуваат со голема брзина, имаат голема количина и можат да бидат различен формат. Поради појава на големите податоци се промени и начинот на обработка на податоците и поради тоа традиционалните алатки за обработка на податоци не се соодветни за процесирањето на податоци и се развиле алатки кои овозможуваат обработка и анализа на големи податоци. Анализата на големи податоци претставува процес на обработка на огромни податочни множества, со цел откривање на скриени или непознати релации и извлекување на значајни информации. Со ваквa обработка на податоците може да се лоцираат одредени проблеми или недостатоци во текот на работењето кои не би можеле да се утврдат на друг начин. Оваа магистерска работа се состои во истражување на техниките за анализа и обработка на големи податоци со цел добивање на корисни информации од огрoмната количина на необработени податоци. Притоа, целта е да се направи обработка на податоци генерирани од систем за електронско учење - Moodle со примена на алатките за процесирање на големи податоци како и со примена на некоја од техниките за податочно рударење. Врз основа на добиените резултати е важно да се пронајдат и дефинираат одредени особини за начинот на користење на системот за електронско учење, како и да се детерминираат неговите предности и недостатоци. На овој начин, со вакви сознанија, се гради основа за добивање нови идеи и методи за подобрување, односно оптимизирање на процесите на учење. Клучни зборови: големи податоци, податочно рударење, Moodle, систем за

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 26 Nov 2019 12:27
Last Modified: 26 Nov 2019 12:27
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22964

Actions (login required)

View Item View Item