Gorgievski, Bosko (2019) Одредување на парапротеин во серум и урина со електрофореза за дијагностицирање на мултипен миелом (ММ), искуства на ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија за период од 2015 до 2017 година. Other thesis, Goce Delcev University Stip.
Preview |
Text
Бошко-Ѓоргиевски-ФИНАЛЕН ТРУД-Лекториран.pdf Download (816kB) | Preview |
Abstract
Мултипен миелом (ММ) е клонално заболување со пролиферација на матурни Бклетки (плазма клетки) во коскениот мозок, а се карактеризира со појава на моноклонална имуноглобулинска фракција (М компонента, парапротеин) во серумот или, понекогаш, само при електрофореза на урина. Бенигната форма (МГУС или моноклоналната гамапатија со неодредено значење) е околу 100 пати почеста од миеломот.
Цел на трудот:
Цел на овој труд е да се прикаже дијагностицирање на мултипен миелом со одредување на парапротеин во серум и урина со електрофореза, да се утврди застапеност на мултипен миелом кај пациенти во Р. Македонија во период од 2015 до 2017 година и податоците да се анализираат во зависност од возраста, полот и местото на живеење.
Материјали и методи:
Анализирани се податоци од пациенти со мултипен миелом кои се дијагностицираат и лекуваат на ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија. Податоците се собрани во период од три години, од 2015 до 2017. Опфатени се пациенти на возраст над 40 години.
Овој труд е изработен во лабораторијата на ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија.
6
Резултати:
Во 2015 година се регистрирани 19 пациенти со мултипен миелом, во 2016 година се регистрирани 22 пациенти со мултипен миелом, а во 2017 година се регистрирани 25 пациенти со мултипен миелом.
Според полот, оваа болест е повеќе застапена кај машкиот пол. Според возрасната категорија, најмногу е застапена кај пациенти на околу 70 години.
Заклучок:
Мултипниот миелом е најчестиот примарен рак на коските. Тоа е малиген тумор на коскената срцевина. Појавата на мултипниот миелом е приближно кај пет до седум лица на 100.000 лица секоја година. Повеќето случаи се забележани кај пациенти на возраст помеѓу 50 и 70 години.
Податоците што сум ги обработил во овој специјалистички труд се совпаѓаат со податоците на СЗО.
Клучни зборови: мултипен миелом, дијагностицирање, лабораториски тестови,
Item Type: | Thesis (Other) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 26 Nov 2019 12:27 |
Last Modified: | 26 Nov 2019 12:27 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22963 |
Actions (login required)
View Item |