Податочна комуникација со примена на квазигрупи

Bakeva, Verica and Dimitrova, Vesna and Popovska-Mitrovik, Aleksandra and Ilievska, Natasa and Samardziska, Simona and Markovski, Smile and Mileva, Aleksandra and Meckaroska, Daniela and Petkovska, Marija (2017) Податочна комуникација со примена на квазигрупи. [Project] (Unpublished)

Full text not available from this repository.

Abstract

Последните години, група истражувачи од ФИНКИ заедно со колеги од другите универзитети, континуирано работат на истражување на квазигрупите и нивните својства погодни за примена во теоријата на кодирање, криптографијата, безбедноста на информации, безбедноста на компјутерските системи, стеганографијата.
Една од целите на проектот е продлабочување на истражувањата на случајните кодови базирани на квазигрупи со цел подобрување на нивните перформанси. Исто така, ќе се продолжи со истражувањата на кодовите кои откриваат грешки, а се базирани на квазигрупи.
Понатамошното проучување на квазигрупите и нивните својства е многу важно за конструкција на нови криптографски примитиви. Ќе бидат разгледани повеќе начини за конструкција на бинарни матрици користеjќи квазигрупи и ќе разгледува нивната примена, посебно во лесната криптографиjа. Ќе се направи класификација на некои видови квазигрупни равенки и анализа на својствата на квазигрупите кои се решенија или не се решенија на дадени квазигрупни равенки. Исто така, се планира истражување на различни особини на рекурзивните деривати на k-арни операции во општ случај или за специфично k, што е посебно значајно во дизајнирање на совршени дифузиони нивоа.
Ќе се направи испитување на можни модификации на St-Gen кодовите за подобрување на ефикасноста на постоечките стеганографски алгоритми за вметнување скриени пораки.
Ќе се направи истражување во областа на Blockchain технологијата и негова примена во индустријата.

Item Type: Project
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Aleksandra Mileva
Date Deposited: 11 Nov 2019 10:55
Last Modified: 11 Nov 2019 10:55
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22842

Actions (login required)

View Item View Item