Doneva, Blagica and Dimov, Gorgi and Efnusev, Ljupce and Delipetrev, Marjan (2019) Геоелектрични методи за истражување на подземни води. In: XII Стручно советување од областа на подземната и површинската експлоатација (Подекс-Повекс 2019), 01-03 Nov 2019, Strumica, Macedonia.
Preview |
Text
trud Podeks 1.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Со помош на геофизичките истражувања се постигнува брзо, ефикасно, економично и недеструктивно решавање на одредени проблеми од областа на геологијата, рударството, градежништвото, водостопанството, археологијата, екологијата и др.
Истражувањето на подземни води, како што се: вода за пиење, технолошка вода, минерална, термална и термоминерална вода, исто така се врши со помош на геофизички методи.
Геофизичките истражувања имаат широка примена во хидрогеологијата, за решавање на водоснабдување на населени места, индустриски и други објекти, за одводнување на рудници, копови, каменоломи и сл. Геофизичките испитувања се многу значајни како истражната фаза пред дупчење, за прецизно лоцирање на дупнатини, истражно-експлоатациони дупнатини и бунари, како и за насочување и рационализирање на скапите истражни дупчења и други истражни работи.
За истражување на подземните води се применуваат различни геофизички методи, зависно од геолошките и хидрогеолошките услови на теренот. Најефикасни се геоелектричните
методи (електрична отпорност-геоелектрично сондирање, геоелектрична томографија и др.).
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Natural sciences > Earth and related environmental sciences |
Divisions: | Faculty of Natural and Technical Sciences |
Depositing User: | Blagica Doneva |
Date Deposited: | 08 Nov 2019 12:22 |
Last Modified: | 08 Nov 2019 12:22 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22827 |
Actions (login required)
View Item |