Проф.др.Никола Камчев - живот и дело

Kamceva Panova, Lidija and Kamceva, Gordana (2016) Проф.др.Никола Камчев - живот и дело. Manual. Македонска асоцијација за историја на медицината - МАИМ - Штип.

[thumbnail of Проф.др.Никола Камчев - ЖИВОТ И ДЕЛО.pdf]
Preview
Text
Проф.др.Никола Камчев - ЖИВОТ И ДЕЛО.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Книгата „Проф. д-р Никола Камчев - живот и дело“ ја осветлува историјата на еден плоден живот во текот на 68 години од раѓањето и 45 години професионално научна работа. Јубилеите на кои многумина можат да му позавидат на проф. д-р Никола Камчев се вредни за внимание. Со нив или поради нив се истакнува една личност со голем придонес за развој на лекарската професија и лекарската етика. Книгата има за цел да зачува од заборав сѐ она што тој го направи за медицината, за градот Штип, за поединецот, за науката но и да биде пример за новите генерации за поуспешни резултати и подобра иднина.
Оваа книга, според содржинските форми претставува невообичаена и уникатна композиција во која е вткаено индивидуалното и општественото живеење на проф. д-р Никола Камчев, преставувајќи го неговиот богат, сложен и разновиден творечки и егзистенцијален животен лавиринт.
Авторот поставен пред овој предизвик успешно ја презентира неговата сложена и исклучително богата творечка и хумана дејност во период од 67 години живот и 45 години стручна, научна и наставна работа.
Неговиот работен век добива посебна специфика и затоа што битисува во два милениуми, крајот на првиот и почетокот на вториот, но и поради споменатото и разнолико општествено милје во кое се одвива неговиот индивидуален и општествен живот и работа. Притоа во основата на сите случувања во животот на проф. д-р Никола Камчев, а и личната определба да го посвети својот работен век на медицината, односно на човекот во моментот кога му е нарушено неговото здравје и најмногу му е потребна стручна медицинска помош, се препознава филантропот во него. Токму поради тоа прикажувајќи го неговиот живот од раѓањето, детството, младоста, а посебно творештвото провејува посебна емотивна нарација.
Во таа смисла, авторите на монографијата создават еден богат животен колорит кој го сочинува исклучително широкиот регистер на бројни животни случувања, на радости, борби, победи, но и болни рефлексни падови и атаци кои се придружни елементи во животот на секој човек и како единка, но и како општествено битие.
Во еден сложен и специфичен егзистенцијален амбиент семејството на проф. д-р Никола Камчев почнува да се создава, да расте, да се развива и да живее од моментот кој во животот е нотиран како судбинско „ДА“ меѓу Никола и неговата сопруга Милка, како верен придружник и поддржувач на сѐ она што ја сочинува бројната лепеза на неговите активности. Таа како негова животна сопатничка несебично се вградува во реализацијата на она што преставува фундамент на големата плодна работа на проф. д-р Никола Камчев, создавајќи секогаш погодни соодветни услови и побудувајќи инспирации за нови дејности.
Вториот дел од книгата преставува приказ на хуманите инспирации, деловни активности во РО Медицински центар во Штип. Неизмерната и не уморната работа на проф. д-р Никола Камчев како човек, стручњак, доктор, универзитетски професор и хуманист, е прикажана повеќедимензионално, неизоставајќи ги историските т.е социјалните и општествено политичките збиднувања, но и кажувајќи ги вистините во онаа бројност и светлина во која суштествувале. Авторите притоа на суптилен начин недвосмислено ги потенцираат приоритетите во широкиот регистар на активности. Посебен акцент им даваат на хуманите активности како доктор и хуманист, на истражувачката и наставно-образовната дејност, но и на општествените и стручни активности на полето на доброволното и организирано крводарителство и активности на Црвениот крст на Македонија.
Посебно внимание се посветува на иницијативата на проф. д-р Никола Камчев за отворање на Висока здравствена школа во Штип со повеќе студиски стручни програми и отварање на Факултетот за медицински науки со студиски програми по општа медицина, стоматологија и фармација во состав на Државжниот универзитет „Гоце Делчев“ во Штип.
Тој е еден од малкумината лекари кои на овие простори оставија силен печат и неизбришливи траги, лекар, наставник и хуманист кој изминатиот свој живот го посвети на професијата и на хуманитарната дејност. Голем стручњак, организатор, космополит, човек со голема душа и широки познавања. Секогаш достоинствен и мудар, како човек подготвен да ислуша, да даде совет на сите, да им посвети адекватно внимание и да разговара со нив, да одвои од сопственото време за да им помогне на сите кои ја бараат неговата помош. Пример за колегите и останатите вработени во Медицинскиот центар и Факултетот за медицински науки, затоа што прв доаѓаше на работа, последен си одеше, секојдневно читаше и споделуваше стручни, научно истражувачки и професионални информации, организираше научни, образовни и свечени настани, за кои сметаше дека се важни за одбележување, се трудеше со своето знаење да помогне во креирање на подобар здравствен систем за сите пациенти од Источниот здравствен регион во Република Македонија
Висок професионалец во работата, голем стручњак со непроценливо искуство и огромна енергија за остварување на сите зацртани професионални цели, добронамерен, чесен, трпелив, правдољубив но пред сѐ човек со големо срце и вистински пријател. Голем визионер, другар, учител, соработник, соговорник. Направи многу за лекарската професија и медицинската наука. Градител на човечноста и љубовта, кој бескрајно се дава себеси на сите, а ништо не бара за возврат. Вработените во Медицинскиот центар и Факултетот за медицински науки со висок пиетет зборуваат за проф. д-р Никола Камчев и бескрајно му благодарат за сѐ што направи преку својата самопрегорна работа и посветеност на пациентите, студентите, специја-лизантите, магистрите и докторантите.
Проф. д-р Никола Камчев е вистински пример за човек, хуманист кој најголемиот дел од животот го посвети на Црвениот крст. Неговата активност во организацијата може да служи како патоказ за идните генерации, активисти и волонтери во Црвениот крст. Изминатите години ни покажа колку е важно да се работи со љубов и посветеност, бидејќи хуманите луѓе како проф. д-р Никола Камчев моти-вираат и поттикнуваат.
Неговите најблиски можат да бидат горди што имаат таков сопруг, татко и дедо.
Проф. д-р Никола Камчев својата активна општествена и професионална улога ја продолжи и по пензионирањето како ангажиран професор на повеќе предмети на Факултетот за медицински науки и како доктор специјалист трансфузиолог во ЈЗУ Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија, Регионален центар во Штип.

Item Type: Monograph (Manual)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Gordana Kamceva
Date Deposited: 19 Nov 2019 12:07
Last Modified: 19 Nov 2019 12:07
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22815

Actions (login required)

View Item View Item