Mеѓуетничките односи во образовниот систем

Koceva, Daniela (2016) Mеѓуетничките односи во образовниот систем. In: Conditions, challenges and perspectives in education in the Republic of Macedonia.

[thumbnail of СОВРЕМЕНОТО ВОСПИТАНИЕ И ОБРАЗОВАНИЕ.pdf]
Preview
Text
СОВРЕМЕНОТО ВОСПИТАНИЕ И ОБРАЗОВАНИЕ.pdf

Download (620kB) | Preview

Abstract

Република Македонија како мултиетничка, мултикултурна и мултиконфесионална држава, преку својата легислатива, им обезбедува остварување, како на индивидуалните така и на колективните права на сите етнички заедници. Во тој корпус на етнички права спаѓа и правото на образование на етничките заедници. Досегашната образовна политика на Република Македонија укажува на тоа дека се правени значајни напори за целосно интегрирање на припадниците на етничките заедници во образовниот систем на Република Македонија. Образовната легислатива во Република Македонија создава оптимални услови за образование на етничките заедници на сопствениот мајчин јазик и за негување на сопствениот културен идентитет. Но, и покрај тоа што легислативата нуди нормални предуслови за образование на етничките заедници, во РМ понатаму нема нивна задоволителна вклученост во образовниот систем и онаму каде што се застапени, нивните постигнувања се на многу ниско ниво. Градењето на доверба меѓу заедници се гледа во зголемувањето на меѓусебната комуникација во сите сегменти на општествено живеење, а пред сè и над сè, во образовните институции од најниско до највисоко ниво. Имајќи предвид дека мултикултурализмот и добрите меѓуетнички односи се темел на кој се гради квалитетното образование, кое води до подобрување на резултатите на учениците, преземени се и конкретни реформи на национално ниво за унапредување на истото. Во трудот накратко ќе се анализираат меѓуетничките односи во образованието и политиката која се води кон нивно подобрување со цел да се изгради едно кохезивно општество. Клучни зборови: образовна политика, меѓуетнички односи, квалитетно образование, соживот, толеранција

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Social Sciences > Sociology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Daniela Koceva
Date Deposited: 24 Oct 2019 10:51
Last Modified: 24 Oct 2019 10:51
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22709

Actions (login required)

View Item View Item