Kostadinova, Donka (2019) Улогата на патронажната сестра во превенција и рана детекција на болестите кај децата до 12 месечна возраст. Other thesis, Goce Delcev University Stip.
Preview |
Text
Finalen.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Поливалентната патронажната служба е организирана на ниво на примарната здравствена заштита како дел од јавното здравство, и е во состав на одреден здравствен дом или медицински центар. Задачите на патронажната служба се однесуваат на промоција, унапредување и зачувување на здравјето како и превенција од заболувања, а се извршуваат преку планирани активности предвидени во превентивната програма за заштита на населението на Република Северна Македонија.
Поливалентната патронажна служба е единствена служба во примарната здравствена заштита која се занимава превентивно со прашањето на здравјето и неговото унапредување во најширока смисла. Една од нејзините цели е да го подготви поединецот, семејството или заедницата во целина за рационално користење на здравствената заштита, но и да едуцира кон поголемо и поефикасно прифаќање и користење на превентивните мерки. Современата здравствена заштита го третира човекот како дел на семејство и заедницата, на чие здравје, покрај биолошките, делуваат и бројни други фактори како социјални, културни, хигиенски и слично. Семејството мора да биде во средиштето на вниманието при планирање на севкупната здравствена заштита, бидејќи за семејството, како основна клетка на општеството, каде што луѓето минуваат најголем дел од своето време, примарно се поврзани и здравјето, но и болеста, од друга страна.
Поливалентната патронажна служба во наши услови претставува врска или мост меѓу здравствената служба и здравствените работници од една страна и поединците и нивните семејства од друга страна. Таа треба да биде претставник на здравствената служба во заедницата, но истовремено да биде и застапник на интересите на поединците и групите при остварување на нивните потреби и решавањето на нивните здравствени проблеми, како во здравствените организации така и во социјалните и други служби на општината.
Вовед
2
Според статистичките податоци, најголем процент од вкупниот број на остварените посети во текот на годината (над 60 %) се посетите на новороденчиња и доенчиња, односно се посети преку кои се спроведува антенатална и постнатална здравствена заштита на мајките и децата, односно новороденчињата.
Патронажна посета на новороденче и леунка е превентивна посета која се врши со цел да обезбеди здравствена нега и мониторинг на новороденото и леунката во домашни услови и обучување на мајката за правилна нега, сопствена и на новороденото, како и обезбедување мерки за здравствена и социјална заштита. Во текот на посетата, пристапот кон секое семејство е индивидуален бидејќи индивидуалните карактеристики и потреби и на мајката и на детето се различни.
Активностите при извршување на патронажна посета кај новороденче и леунка се спроведуваат со следните интервенции и постапки:
• Објективен системски преглед на новороденото (боја на кожа, тургор, изглед на граден кош, абдомен, рефлекси и моторни реакции, состојба на очи, уста, папок, гениталии); • Капење, нега на кожа, тоалета на папочето; • Правилно облекување, практична демонстрација на облекување на новороденото дете; • Промовирање на ексклузивното доење и практично поставување на дојка како и совладување на техниките за доење; • Нега кај леунка (преглед на дојки, практично демонстрирање на одмолзување); • Едукација на мајката за правилна грижа за новороденчето како и за хигиенодиететскиот режим во периодот на леунство; • Увид во медицинската документација од Породилното одделение;
Вовед
3
• Обезбедување контакт со други служби, здравствени и социјални, ако има потреба.
Оттука и излегува потребата детално да се разработи планот за активности и обврски на патронажните сестри, сè со цел да постигнеме максимално ефективно работење, односно, пред сè, намалување на морбидитетот и морталитетот на мајките и новороденчињата, но и да постигнеме уште подобри резултати во однос на ексклузивното доење на новороденчињата и подобра статистика во однос на имунизацијата на децата – елементи кои директно влијаат на детското здравје.
Item Type: | Thesis (Other) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 09 Oct 2019 08:45 |
Last Modified: | 09 Oct 2019 08:45 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22641 |
Actions (login required)
View Item |