Улогата и значењето на Државното правобранителство во македонскиот правосуден систем - II дел

Apasiev, Dimitar (2019) Улогата и значењето на Државното правобранителство во македонскиот правосуден систем - II дел. Proceedings - VI International Scientific Conference ''Social Changes in the Global World'', 6 (1). pp. 161-174.

[thumbnail of Apasiev D. VI - Drzavno pravobranitelstvo.pdf]
Preview
Text
Apasiev D. VI - Drzavno pravobranitelstvo.pdf

Download (723kB) | Preview

Abstract

Овој труд настана во рамки на едногодишниот научно-истражувачки проект: Улогата и значењето на Државното правобранителство во правосудниот систем на Република Македонија, финансиран од страна на Фондот за научно-истражувачка работа на Државниот универзитет „Гоце
Делчев“ – Штип. Тој е дел од една замислена поголема монографија посветена на овој специфичен орган во нашиот правен поредок, која ја работиме заедно со моите колеги од Катедрата за граѓанско правно на Правниот факултет при УГД. Во првиот дел, користејќи го правно-историскиот и нормативниот метод, опфатена е легислативната уреденост
на оваа специфична институција во правниот систем на нашата земја, уште во периодот по Втората светска војна, кога Македонија беше дел од СФР Југославија –разгледувајќи го нејзиниот еволутивен пат низ сојузните и
републичките закони. Потоа се разработува правниот статус и улогата на Јавното/Државното правобранителство во правосудниот систем на Република Македонија, согласно своевремено актуелната регулатива, која важела низ текот на годините. Во продолжение се разгледува правната
природа на Државното правобранителство, како учесник во судската парнична постапка, па се продолжува со опис на внатрешната организациска структура на правобранителството, како државен орган sui generis. Во овој втор дел, опфатени се условите за именување и
разрешување од функцијата државен правобранител; за да во последната глава се даде подетелен преглед на неговиот делокруг на работа – односно, на надлежностите и овластувањата кои ги има Државното правобранителство vis-à-vis неговите процесни диспозиции. Во план е и изготвување труд со компаративно-правен осврт на уреденоста на овој орган во правните системи на околните земји, а посебно меѓу земјите од екс-ју просторот.

Item Type: Article
Uncontrolled Keywords: Јавно правобранителство, државен правобранител, Југославија, законски надлежности, имотно-правни односи.
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Dimitar Apasiev
Date Deposited: 27 Sep 2019 09:14
Last Modified: 27 Sep 2019 09:14
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22603

Actions (login required)

View Item View Item