Petrova Gjorgjeva, Emilija and Mirascieva, Snezana and Kitanova, Irena and Koceva, Daniela (2017) Приоритети на современото училиште од воспитен аспект. Зборник на трудови: Современото воспитание и образование - состојби, предизвици и перспективи - 2017. ISSN ISBN: 978-608-244-472-7
This is the latest version of this item.
Preview |
Text
EMILIJA.pdf Download (961kB) | Preview |
Abstract
Современото училиште претставува комплексен и сложен организациски систем. Тоа
произлегува од секојдневните односи на релација наставник - ученик, наставник - наставник и
наставник – директор. Притоа, честа е појавата на т.н. „судир на генерации“. Тоа практично
значи судир на две култури, културата на возрасните (образувачи и воспитивачи) и културата
на младите-новите генерации (оние што се образуваат и воспитуваат). И сето тоа се одвива во
една средина со свое опкружување и создаден амбиент во кој се реализира наставниот
процес, со индивидуалните и споделените перцепции, ставови и мислења на членовите низ
кои се случува животот во училиштето. Таа средина и тоа опкружување се карактеризираат со
специфична организациска клима и организација на работењето на училиштето. За ефикасно
функционирање на училиштето при реализација на воспитната улога, потребно е училиштето
да изгради приоритети. Проблемите од воспитен аспект се најсилно изразените проблеми со
кои се соочува училиштето како институција, задолжена за воспитание и образование на
младата личност. Насилствата, непочитувањето, честите отсуства од часовите, нетрпеливост и
нетолеранција се најчесто изразените проблеми во нашите училишта, како основни, така и
средни. Родителите и наставниците се немоќни пред таквите проблеми.
Училиштето стои исправено пред предизвиците на 21 - от век, одговорно за својата улога во
општеството и за потребите на учениците. Затоа, на тие проблеми треба да им се посвети
императивно значење и да претставуваат приоритет во улогата на современото училиште.
Клучни зборови: организациска клима, современо училиште, колегијалност, поддршка од
директор, иницијативност и иновативност, планирање и креирање развој на училипштето.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Educational sciences |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Daniela Koceva |
Date Deposited: | 27 Sep 2019 08:23 |
Last Modified: | 27 Sep 2019 08:23 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22582 |
Available Versions of this Item
-
Приоритети на современото училиште од воспитен аспект. (deposited 14 Feb 2018 10:54)
- Приоритети на современото училиште од воспитен аспект. (deposited 27 Sep 2019 08:23) [Currently Displayed]
Actions (login required)
View Item |