Образование и практика:Нови истражувања за унапредување на воспитно-образовната практика

Mirascieva, Snezana and Koceva, Daniela (2018) Образование и практика:Нови истражувања за унапредување на воспитно-образовната практика. Зборник на трудови од Третата меѓународна научна конференција ФИЛКО (филологија, култура, образование). ISSN ISBN: 978-608-244-593-9

This is the latest version of this item.

[thumbnail of FS.pdf]
Preview
Text
FS.pdf

Download (4MB) | Preview

Abstract

Иако денес, во времето на интернетот, знаењето е подостапно отколку порано, факт е дека денес знаењето, повеќе од било кога, станува капитал кој не се користи. Причина за тоа е продолжената доминација на формалното образование во однос на образованието низ практика. Некогаш строго одвоени, денес науката и технологијата се повеќе се упатени една на друга. Уште повеќе што соработката меѓу производствените и образовните институции, што не е новина, расте паралелно со степенот на развиеност на државата. Факт е дека учењето има исклучително важно значење во животот на секоја индивидуа, институција и национална економија. Тоа е причина поради која се зголемува бројот на млади луѓе кои завршуваат факултети и на тој начин стекнуваат теоретско знаење од одредена област. Во суштина, сите иновативни методи на учење се насочени кон два клучни аспекта: теорија и практика. Исто така, факт е дека главната цел на образовниот систем е да обезбеди услови и можности на младите луѓе да станат корисни членови на заедницата кои ќе создаваат нови вредности. Тоа најдобро може да се обезбеди со практичната настава во која ќе решаваат конкретни проблеми и ќе се соочуваат со предизвиците кои ги чекаат. Во трудот ќе се обидеме да дадеме одговор на прашањето кога и како да се оспособат младите за примена на знаењата, што е значаен придонес во унапредувањето на воспитно-образовната практика. Клучни зборови: образование, практика, унапредување.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Social Sciences > Sociology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Daniela Koceva
Date Deposited: 27 Sep 2019 08:16
Last Modified: 27 Sep 2019 08:16
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22577

Available Versions of this Item

Actions (login required)

View Item View Item