Sulev, Spase and Atanasova, Sandra and Proseva, Ljubica and Bikovski, Ljupco (2019) Несакани ефекти поврзани со болка за време на почетната фаза на ортодонтски третман со фиксни апарати. In: Втор Конгрес на студенти по општа медицина, 09-10 May 2019, Stip, Macedonia.
Preview |
Text
New Doc 2019-09-10 13.13.57.pdf Download (1MB) | Preview |
Preview |
Text
Spase-i-Ljupco-1.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Вовед: Болката е главната грижа на пациентите пред започнување на ортодонтскиот третман со фиксни апарати. Пациентите доживуваат болка и непријатност кои се однесуваат на забниот потпорен апарат поради силата што се применува на забите. Цел: Целта на оваа студија беше да се испитаат несаканите ефекти поврзани со болката по поставувањето на фиксните протези. Материјали и методи: 20 пациенти, 10 мажи и 10 жени, на возраст од 18 до 37 години (средна возраст од 24,7 ± 4,2 години) беа вклучени и третирани во приватна стоматолошка ординација. Од пациентите беше побарано да ги пополнат прашалниците секоја вечер од поставувањето на протезите во текот на првиот месец и да го евидентираат присуството на болка (да / не) како и карактеристиките на самата болка. Карактеристиките на болката беа индицирани со употреба на да / не одговори за: постојана болка, болка во текот на ноќта и болка при џвакање или гризење на храната. Резултати: Најголем дел од пациентите пријавија болка во текот на првите 7 дена по поставувањето, по што ниту еден пациент не пријави болка. По првите 24 часа, болката е пријавена од страна на 95% од пациентите, а приближно 35% пријавија дека се буделе во текот на ноќта. Сите известија за екстремни потешкотии во џвакањето и одгризувањето на храната со цврста конзистентност во овој период. Немаше значајна разлика помеѓу двете групи (мажи и жени). Заклучок: Пациентите доживуваат болка и непријатност по поставување на ортодонтски протези. Во текот на третманот потребно е пациентите да ја променат конзистентноста на храната во нивната исхрана, а пред самото започнување на третманот потребно е тие да бидат советувани.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Sandra Atanasova |
Date Deposited: | 11 Sep 2019 12:15 |
Last Modified: | 11 Sep 2019 12:15 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22460 |
Actions (login required)
View Item |