Некротизирачки фасциитис на предниот абдоминален ѕид и модалитети на третман - презентација на случај

Milev, Ilija and Noveski, Lazar and Mitevski, Aleksandar and Lazovski, Nikola and Mitrovik, Marina (2010) Некротизирачки фасциитис на предниот абдоминален ѕид и модалитети на третман - презентација на случај. In: III Конгрес на хирурзите на Македонија, 12-15 May 2010, Ohrid, Macedonia.

[thumbnail of TretKongres_Poster.pdf]
Preview
Text
TretKongres_Poster.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Некротизирачките мекоткивни инфекции се познати како едни од најнепосакуваните состојби во хирургијата со многу висока стапка на морталитет и инвалидитет. Според модерната номенклатура, тука спаѓа гасната гангрена, предизвикана од бактерии од родот Clostridium каде главната карактеристика е мионекрозата и обилно формирање на гас во зафатените ткива. Вториот синдром е некротизирачкиот фасциитис, кој може да биде од тип 1 – споро прогресивен, предизвикан од мешовита бактериска флора на анаероби и грам негативни аеробни бацили и тип 2 – рапидно прогресивен, предизвикан од единечна бактерија од група A Streptococci, а во поново време како предизвикувач се појавува и MRSA.
Некротизирачкиот фасциитис на предниот абдоминален ѕид е многу ретка и сериозна постоперативна компликација, која за успешно лекување бара рано препознавање и агресивен третман. Морталитетот од оваа компликација се движи од 50 до 80% во светски рамки, при што најчесто како причина за смрт се јавуваат акутната бубрежна инсуфициенција, ARDS и MOF.
Во нашиот случај се работи за 73-годишен пациент кај кого на ревизија, поради дехисценција на анастомозата, после десна хемиколектомија направена поради перфориран карцином на цекум лапаротомиската рана беше затворена со ретенциони шавови. Постоперативно, по кратко време, беше препознаена состојба на некротизирачки фасциитис на предниот абдоминален ѕид. Во општа анестезија, по комплетно отворање на лапоротомиската рана, беше направен интензивен дебридман на некротичното ткиво и абдоменот се остави отворен. Абдоминалните органи беа покриени со стерилни полиетиленски кеси, како една модификација на “Bogota bag dressing” без користење на вакуум дренажа. Потоа секојдневно се правеа преврски и дополнителен дебридман на некротичното ткиво. Ова беше поткрепено со интензивна антибиотска терапија, прво од широк спектар, а потоа по антибиограм. По стабилизација на состојбата, локалниот третман беше продолжен со Aquacel – Ag гази, кои беа поставени директно врз абдоминалните органи. Откако целото некротично ткиво беше отстрането, а знаците на инфекција беа смирени, што доведе до значително смалување на површината на раната и целосно повлекување на абдоминалните органи кон внатре, дефектот беше згрижен со ротационен резен, оставајќи вентрална хернија која сепак дозволува пристоен квалитет на живот.
Целта на овој труд е детално запознавање со можностите и начините на третман кои во нашите услови му стојат на располагање на хирургот за успешно препознавање и третирање на ваквата состојба.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Ilija Milev
Date Deposited: 11 Sep 2019 09:16
Last Modified: 11 Sep 2019 09:16
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22438

Actions (login required)

View Item View Item