Mladenoski, Ranko (2019) Секциско предавање на тема „Оксиморонот во ’Нежното срце на варварот‘ од Венко Андоновски“. In: IV Меѓународна научна конференција „ФИЛКО – филологија, култура и образование“, 23–25 мај 2019 година, Филолошки факултет при Воронежки државен универзитет, Воронеж, Русија. (Submitted)
Preview |
Text
Mladenoski Programa i izlaganje FILKO 4.pdf Download (372kB) | Preview |
Abstract
На традиционалната IV Меѓународна научна конференција „ФИЛКО – филологија, култура и образование“ што се одржа од 23 до 25 мај 2019 година на Филолошкиот факултет при Воронежкиот државен универзитет во Русија, професорот Ранко Младеноски учествуваше со секциско предавање на тема „Оксиморонот во ’Нежното срце на варварот‘ од Венко Андоновски“. Во текот на секциското предавање беше истакнато дека освен во насловот, безмалку во сите текстови од збирката „Нежното срце на варварот“ од Андоновски (и во песните и во кратките лирско-прозни записи) може да се забележи присуството на оксиморонски фигуративни изрази по што беа наведени бројни илустрации со чија помош се покажува и се докажува автентичноста на ваквата поставена теза. Оксиморонските поетски примери беа ексцерпирани од голем број песни од збирката како што се „Болка“, „Зошто ја измислив Варвара“, „Неколку совети од Варвара“, „Современ човек“, „Загуба“, „Список на здодевни нешта?!“ и други. Освен тоа, во текот на секциското предавање беа презентирани и елаборирани примери од песните во кои е забележливо присуство на други стилски фигури кои според својот карактер гравитираат кон оксиморонот, како што се парадоксот, тавтологијата, плеоназмот и иронијата. Во заклучокот од излагањето беше нагласено дека во оваа поетска книга од Андоновски се доминантни оксиморонските структури како книжевно-уметничка постапка најавена уште со самиот наслов на збирката, но и дека во неа истовремено е доминантна и творечката тенденција за асемантизација на текстот, односно за редукција на семантиката на поетскиот дискурс во збирката. Овие две суштински особини на „Нежното срце на варварот“ меѓусебно се надоврзуваат и се надополнуваат давајќи ѝ на книгата особен модернистички белег.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Speech) |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ranko Mladenoski |
Date Deposited: | 02 Sep 2019 10:58 |
Last Modified: | 02 Sep 2019 10:58 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22364 |
Actions (login required)
View Item |