Micevska, Karolina (2019) Влијанието на односите со јавноста и социјалните медиуми врз јавното мислење. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.
Preview |
Text
Magisterka Karolina Micevska.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Односите со јавноста се многу важен планиран процес за влијание врз јавното мислење односно врз заемно задоволителна двонасочна комуникација. Односите со јавноста придонесуваат да се проектира, да се креира имиџот на една институција или, пак, на една личност пред јавноста. Како што споменавме, тоа е двонасочен процес во кој пораката се пренесува до публиката, но мора да се има и повратен процес, пред сѐ, заради практичноста во работата.
Последните години голем замав во интернет комуникацијата зазедоа социјалните медиуми (особено одредени социјални мрежи) кои се збир од многубројни канали за комуникација, интеракција меѓу повеќе луѓе кои, пак, можат да споделуваат најразлични содржини и во исто време да соработуваат. Дури се смета дека „онлајн“комуникацијата преку социјалните медиуми може да го креира јавното мислење односно да придонесе за покренување на одредени активности кај граѓаните за најразлични прашања. Освен тоа социјалните медиуми сѐ почесто се користат во односите со јавноста од страна на практичарите. Ова беше главната причина за изработување на магистерскиот труд со наслов „Влијанието на односите со јавноста и социјалните медиуми врз јавното мислење“. Целта е да се посочи дека влијанието е навистина големо и клучно, но доколку се знае со професионалност и правилно да се користат алатките за комуникација.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Aleksandar Tolev |
Date Deposited: | 02 Sep 2019 10:53 |
Last Modified: | 02 Sep 2019 10:53 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22359 |
Actions (login required)
View Item |