Признавање на државите во меѓународното право и меѓународните односи

Stojanovska-Stefanova, Aneta (2019) Признавање на државите во меѓународното право и меѓународните односи. PhD thesis, University Goce Delcev-Stip.

[thumbnail of Doktorska disertacija Aneta Stojanovska Stefanova - Repository.pdf]
Preview
Text
Doktorska disertacija Aneta Stojanovska Stefanova - Repository.pdf - Submitted Version

Download (2MB) | Preview

Abstract

Уредувањето на односите помеѓу државите се стари колку и постоењето на самата држава. Денес, научната јавност пред себе има огромен број информации за настанокот, обележјата на државата и нејзините модификации во развојот. Државата е вид на „правна личност“ која е призната од меѓународното право. Државата како субјект на меѓународното право, ја препознаваме преку правните критериуми кои ја определуваат и тоа: постојано население, дефинирана територија, суверена власт,правен капацитет да влегува во односи со други субјекти на меѓународното право и волја да ги почитува основните начела и норми на меѓународното право.
Државата и правото биле предмет на интересирање уште во почетниот стадиум на развој на цивилизацијата. Отворајќи го прашањето за признавање на една од страна на друга држава, и како тоа влијае на нејзиното постоење и функционирање, доаѓаме до најнепрецизниот дел на меѓународното право и обичаи. До денес не постои конкретно правило според кое една држава станува меѓународно признаена и остварува право на државност и право да учествува како еднаква со другите држави во разните меѓународни организации. Направени се обиди за воспоставување на универзални критериуми за добивање на споменатите статуси и можности меѓутоа ниту еден не успеал да се афирмира како релевантен и почитуван од сите држави во светот. Токму признавањето на државите во меѓународното право и меѓународните односи ќе биде предмет на интересирање на оваа докторска дисертација.
Со оглед на тоа што правото, особено меѓународното, е жива материја отворена за интерпретација, а основните правни обележја на една држава се јасни, сепак може да се констатираат два типа на држави кои се делат на:
- de jure (де јуре) - постојат според правото, и
-de facto (де факто) - постојат во реалноста, врз база на тоа дали и кои од карактеристиките на државноста ги поседуваат.
Правно гледано актот на „признавањето“ на државата е правно-формален акт и нема директно влијание врз суштинската независност и постоењето на државата (ефективноста на нејзиното постоење), но често изостанувањето на признавањето од една или повеќе земји може да создаде сериозни тешкотии за новата држава и нејзиното понатамошно вклучување во меѓународните односи. Ова укажува дека актот на признавањето има и политичка, не само правна тежина. Затоа во оваа докторска дисертација ќе се осврнеме и спротивставените теории за водење на меѓународни односи помеѓу државите и влијанието кое тие го имаат врз институтот „признавање на државите“.
Во денешни услови сведоци сме дека иако правото е создадено да се почитува како своевидна форма на „апсолутна вистина“ за државите, сепак тоа секојдневно се релативизира од страна на „големите сили“, а поединечните случаи тоа го потврдуваат.

Item Type: Thesis (PhD)
Subjects: Social Sciences > Law
Social Sciences > Other social sciences
Social Sciences > Political Science
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Aneta Stojanovska
Date Deposited: 09 Jul 2019 16:06
Last Modified: 09 Jul 2019 16:06
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22248

Actions (login required)

View Item View Item